Западнонилска треска во Грција: Докторите со вонредни совети
Објавено во: Македонија, Балкан 21 Јуни, 2019
Пред неколку дена во соседна Грција се регистрирани случаи со Западно Нилска треска. Тамошните власти соопштија дека болеста тропнала на врата порано од очекуваното. Бидејќи е летен период, време на годишни одмори лекарите ги советуваат граѓаните да се заштитат соодветно доколку планираат токму во Грција да го поминат својот одмор.
Доктор Катица Марангозова советува да се користат репеленти против комарци доколку патуваме во земја каде има регистрирано случаи на Западно Нилска треска, да се користат заштитни мрежи на прозорците, односно комарници, да се носи облека на долги ракави.
Симптомите на болеста според лекарите можат да поминат и асимптоматски или најчесто како грипозен синдром.
„Симптомите се најчесто покачена температура, болки во цело тело. Во поретки случаи се манифестира и појава на затегнат врат, повраќање, пореметена свест“, потенцира др. Марангозова.
Лекарите велат дека за оваа болест не постои специфична терапија на лекување. А болеста се добива преку каснување најчесто од заразен тигрест комарец.
Заштитните мерки кои може да ги превземе државата од оваа болест е редовното и успешно прскање против комарци.