29 Април, 2024
0.0252

Започна продажбата на новите премиум безжични слушалки HUAWEI FREEBUDS 3 во Македонија

Објавено во: Мои пари 28 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Започна продажбата на новите премиум безжични слушалки HUAWEI FreeBuds 3 со нов интелигентен звук со помош на Huawei Kirin A1 чипот.

Kirin A1 е првиот чип на Huawei кој е специјално дизајниран за пазарот на додатоци. Тие се дел од новата аудио стратегија на компанијата насоченаконпремиум аудио пазарот. Безжичните слушалки имаат исклучителна технологија за дигитална обработка на аудио звукот со драјвери со висока чувствителност, кои на секој корисник му овозможуваат одлични можности за репродукција на музика и глас. Новиот чипсет, кој исто така е вграден во најновиот смарт часовник на брендот, Huawei Watch GT 2,обезбедува долг век на траење на батеријата со моќен процесор за звук.

Некои од најимпресивните карактеристики на безжичните стерео слушалки се стабилната поврзаност што ја обезбедуваат, ултра ниската латентност и импресивната технологија за контрола на бучавата. Слушалките даваат вистински стерео звук благодарение на сопствениот изохрон двоен канал Bluetooth на Huawei. Оваа технологија ги синхронизира двете слушалки, олеснувајќи ја директната врска помеѓу уредот и слушалките без мешање, а бучавата може да се прилагоди според индивидуалните преференци и моменталната состојба.

Иновативниот процесор за дигитален аудио сигнал, кој овозможува да се обработи аудио до 356 MHz, помага да се минимизираат надворешните звуци и да се воспостават повици дури и во многу бучни средини.

Покрај интелигентниот звук, безжичните слушалки FreeBuds 3 импресионираат со новиот дизајн, достапен во класична бела и црна боја, што ги прави погодни за секаков вид облека. Тие исто така доаѓаат со заоблени торбички за полнење што удобно се вклопуваат во сечиј џеб.

FreeBuds 3 имаатуште една многу важна предност - можат да се напојуваат безжично, со безжичен полнач или преку функцијата безжично полнење овозможена од паметните телефони, при што се обезбедуваат 4 часа работа со едно полнење.

Новите безжични слушалки се достапни на македонскиот пазар во салоните на Македонски Телеком и продажните места на Нептун по препорачана цена за крајниот потрошувач од 9,999 денари, додека во Сетек ќе бидат достапни од 31 јануари.

Можеби ќе ве интересира

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024