29 Април, 2024
0.0255

Започна со работа првиот Retail Park во Македонија

Објавено во: Мои пари 18 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Официјално отворен Point Retail Park

 Денеска и официјално се отвори долго најавуваниот прв Retail Park во Македонија - Point Retail Park. На прес конференцијата по повод отворањето присуствуваа сопственикот и инвеститор г. Али Ќаили, градоначалникот на Општина Бутел, г. Велимир Смилевски, како и генералниот директор на ФОРТОН МКА/ Cushman & Wakefield ексклузивниот лизинг агент, г. Влатко Богоевски.

Според сопственикот, Point Retail Park е инвестиција која ќе влијае позитивно на градот Скопје и државата генерално, позиционирајќи ја Македонија како лидер во регионот.

"Многу сме среќни и горди што денеска то го отвараме првиот Retail park кај нас, кој со својот принцип на работа ќе постави темели на еден поинаков модерен и европски концепт, кој во иднина може да претставува примери што направивме инвестиција на која сите ќе бидат горди. Поинт Ритеил Парк е инвестиција која ќе ги отвори вратите за околу 200 лица и која вреди околу 9 милиони евра. Сакам на нагласам и дека овде во Поинт ќе можете да видите познати и реномирани домашни и странски брендови и воедно ќе искористам и да им се заблагодарам на сите закупци кои го препознаа нашиот план и ја препознаа нашата инвестиција." - изјави Али Ќаили, сопственик на Point Retail Park.

Според градоначалникот на Општина Бутел, г. Велимир Смилевски, оваа инвестиција ќе ја позиционира општинaта на едно повисоко ниво.

"Општина Бутел е навистина горда што првиот Retail Park во Македонија се отвара токму тука. Јас како градоначалник сум особено горд што со оваа инвестиција ќе се влијае на локалниот економски развој на општината и ќе влијае на нејзина модернизација. Сигурни сме дека оваа инвестиција ќе ги привлече сите граѓани од Скопје и другите градови од регионот да бидат редовни посетители." - изјави градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски.

Во Point Retail Park ќе има голем број на познати домашни и странски брендови кои имаат што да понудат. Според Влатко Богоевски, генерален директор на Фортон МКА/ Cushman & Wakefield, која е екслузивен лизинг агент на Point Retail Park интересот од брендовите бил огромен уште од самиот почеток.

"Овој концепт кој е развиен насекаде во светот посебно во Европа и регионот околу нас како Србија, Хрватска, Косово, Црна Гора се веќе високо позиционирани во овој сегмент. Ние, успеавме за кратко време да го наполниме целосно со голем број на брендови кои се светски познати, но и локални кои навистина имаат што да понудат. Од самиот почеток и најавата за идејата побуди голем интерес кај потенцијалните закупци и  интересот беше навистина голем. Оваа инвестиција која е прва од ваков тип со сигурност ќе влијае на економијата во Македонија и ќе ја направи горда, позиционирајќи го Скопје како лидер во регионот." - изјави Влатко Богоевски

Сите посетители во Point Retail Park ќе можат да уживаат во шопинг на познати брендови како LC Waikiki, Sport Vision, KFC, JYSK, NEPTUN, Зегин, Сара Фешн, LTB, Шатци парфимерии, Спортекс, КРШ, Д Спортска опрема и други. Во склоп на Point Retail Park ќе има и ексклузивен ресторан, супермаркет КИТ-ГО, игрoетка и продавница за децаКРШ на површина од 2500 м2.  Point Retail Park се простира на површина од 9500 м2 и ќе има 300 паркинг места. Инвеститор на Point Retail Park  е компанијата Али Тобако. Point Retail Park се наоѓа во Општина Бутел, поранешно ТИПО, на раскрсницата помеѓу булевар Словенија и Македонско - Косовска бригада.

За вечер со почеток од 19:30 часот е предвидено и свечено отворање на кое се очекуваат голем број на гости и посетители да уживаат во забавата. Од 13 до 15 часот ќе има и забава за деца на која ќе ги забавува Ивце Пивце и Газменд, а ќе има и магионичари, пантомимичари, детски песни и многу забава.

За наредниот период од страна на Поинт предвидени се голем број на активности.

Можеби ќе ве интересира

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024