30 Април, 2024
0.0253

Zara, модна империја заснована на нетрадиционална бизнис идеја!

Објавено во: Анализа 18 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Артеиксо е мал град во северозападна Шпанија. Се наоѓа во близина на Атлантскиот океан и е заобиколен од рибарски села. Во центарот на градот има стаклена зграда оградена со прекрасни зелени плочки. Тоа е седиштето на Zara, компанијата која ја воведе идејата за брза мода пред дваесет години а потоа создаде силно централизиран систем на проектирање, производство и дистрибуција на гардероба. Зградата  офрицијално е позната под името Коцка, а оние кои работат во неа ја сметаат за мозок на компанијата. Модна империја изградена врз нетрадиционална идеја: брзината и одзивот се поважни од цената. Zara е марка која е позната по способноста да достави нова гардероба во своите продажни салони многу брзо и по малку парчиња. Два пати неделно во точно определено време раководствата на продавниците ги порачуваат потребните парчиња. И два пати неделно пристигнуваат нови модели. За да го постигне тоа, Zara го контролира производтсвото многу повеќе во споредба со сите останати трговци на големо. Половина од гардеробата се произведува во Шпанија или соседните земји. Шпанија од секогаш бил најголемиот пазар на Zara, но во 2013та Кина ја претекна Франција и стана вториот најголем пазар на компанијата со 142 продавници од брендот на својата територија. Експанзијата во Кина е вистински предизвик за секој трговец на големо а за Zara може да се покаже како уште поголем бидејки е глобална компанија која не работи на локално ниво. -          Тајната на успехот е во централизацијата, тврди Фелипе Каро доцент по менаџмент и бизнис  на универзитеот во Калифорнија. Според него способноста на Zara да го контролира целиот бизнис од Артеиксо е клучен дел од нивниот бизнис модел. Zara располага со огромен центар за дистрибуција, кој се наоѓа во блзиина на централата. Компанијата произведува околу 450 милиони артикли годишно кои се распоредуваат во сите 1770 продавници во 86 држави. Околу 150 милиони парчиња облека минуваат низ центарот  за да бидат проверени и подредени. Независно дали е едно парче е произведено во Португалија, Мароко, Кина или Бангладеш таа задолжително оди во Шпанија пред да биде испратена до одредена продавница. Зад целото производство стојат 11 заводи кои се во сопственост на Zara. Секој џемпер или ролка кои се создаваат се испраќаат во центарот за дистрибуција преку автоматизиран подземен транспорт. Во близина на регионот Галисија се наоѓаат подизведувачите од кои дел работата за комапнијата од нејзиното создавање во 1975та година од Амансио Ортега. Основачот на Zara сега има 77 години и е третот најбогат човек во светот. До 2011та тој е претседател на Inditex, компанија создадена околу Zara. Таа вклучува седум други брендови и е нај големиот трговец на големо во светот. Минатата година нејзините 6009 продавници направија приход вреден 16 милијарди евра. Во 2013та компанијата отвара дополнителни 400 продавници од кои 110 се од брендот Zara. K. K.