27 Април, 2024
0.0267

Заработка од 12.000 евра, а берачи и купувачи нема

Објавено во: Агробизнис 08 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Земјоделците од Почерин, пред неколку години имаа добра заработка, а сега мака мачат со пласман.

Претходно родот од аронијата се употребуваше за сок, а сега откупувачите го заобиколуваат овој крај. Банкарски кредити за аронија нема, а нема ниту берачи.

Стеван Живковиќ од селото Варна кај Шабац на почетокот бил сомничав за аронијата, но покрај вишни и лешници, за заработка од 12.000 евра по хектар како што тврдеа стручњаците, се одлучил да засади аронија.

Четири години подоцна нема берачи, но нема ни купувачи.

„Сто динари за аронија е малку. Најголема ставка е бербата. Половина од приходот оди за берба“ - вели тој.

Момчило Шарчевиќ од соседното село ланскиот род го претворил во сок, а оваа година што ќе прави со родот нема план.

„Оваа година имам поголема количина, околу 5-6 тони, и ќе биде проблем. Не можам од целата количина да направам сок“ - објаснува Шарчевиќ од селото Матијевац.

Пред три години беше поинаку, и со субвенции од државата се подигнати насади со аронија, но сега нема пласман.

За берба остануваат уште десетина дена, рок кој не влева оптимизам.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади