27 Април, 2024
0.0259

Заразата со птичји грип во с. Мороишта - потенцијална закана за луѓето

Објавено во: Мои пари 07 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Вo с. Мoрoишта, струшкo, е констатирана зараза сo птичји грип, сoј A(Х5Н8) и дoсега се уништени најмалку 3.000 единки живина. 

Наспрoти информациите штo кружат вo јавнoста дека тoј вид грип не е вooпштo oпасен пo здравјетo на чoвекoт, Светската здравствена oрганизација има пoинакви препoраки кoи сметаме дека треба да дoпрат дo штo пoгoлем брoј на граѓани. 

„Ја известуваме јавноста дека според извештајот на полската канцеларија на Светската здравствена организација од ноември 2016 г. „ризикот од пренесување на сојот A(Х5Н8) од птица на човек е релативно низок врз основа на информации кои се на располагање до сега. Меѓутоа, иако досега не се регистрирани човечки случаи на заболени од високопатогениот птичји грип A(Х5Н8), многу е важно ситуацијата будно да се следи. 

Постојат ретки документирани случаи на пренесување на инфекцијата со сличен тип на птичји грип на човек во минатото и не може да се исклучи веројатноста од заразување на човекот со истиот овој вирус“.

Со оглед на тоа што препораките на Светската здравствена организација се по секоја цена да се избегнува контакт со заразените птици и нивните јајца, нагласуваме дека веганството (односно комплетното избегнување на производи од животинско потекло) е наједноставниот начин за превенирање на вакви и слични ситуации во иднина. Здравствениот и економскиот аспект на овој голем проблем во случајов се во многу тесна врска. 

И одгледувачите на земјоделски култури претрпуваат загуби во некои години, но тие штети се единствено со финансиски последици (кои најчесто се надоместливи). Од друга страна, финансиската загуба кај одгледувачите на животни при појава на заразна болест не останува само на тоа, туку претставува и огромна опасност по здравјето на луѓето. Пред само неколку години бевме сведоци на ужасната пандемија предизвикана од свински грип, како и на страшните статистики – стапка на смртност од над 50% кај луѓето заразени со птичји грип, сој А(Х1Н1). Избегнувањето производи од животинско потекло не само што е побезбедно за секој од нас поединечно, туку и глобално, целата планета има придобивки од нашиот избор“, соопштуваат од Здружението за заштита на животните и животната средина ЕДЕН. 

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“