06 Мај, 2024
0.0240

ЗАРАЗЕНИ СЕ МНОГУ РАБОТНИЦИ: КСС смета дека главната причина е немање социјален дијалог

Објавено во: Економија 21 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Во денешното соопштение на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС се наведува дека немањето социјален дијалог е главна причина за големиот број заразени работници со корона вирусот.

-Како последица од сето тоа заразени се многу работници не почитувајќи и не применувајќи ги насоките за заштитата при работа. Треба да ја имаме предвид и моменталната социјална криза која е на прагот на нашата држава само поради тоа што немаме социјален дијалог со кој ќе се направи превентива за спречување на вакви кризи, истакбуваат од КСС.

Ова е нивното денешно соопштение:

КСС уште пред два и пол месеци со свое известување до јавноста и детални превентивни и социјални мерки изработени заедно со стручни лица правни експерти и доктори по медицина на трудот од сферата на безбедност и здравје при работа; инженери за заштита при работа, релевантни и легитимни социјални партнери со капацитет и обуки за справување со вакви кризи коишто секојдневно добиваат информации од терен и Македонското здружение за заштита при работа, испрати релевантни мерки за заштита од корона вирусот со детални препораки за заштита на работниците во затворен и отворен простор, со детален сет на мерки за заштита на населението и превенирање на социјалната криза кој допрва доаѓа.

Имено, заштитата на трудот воопшто не беше приоритет на оваа влада, па така и сега илјадници работници останаа без работно место, илјадници се заразени на нивното работно место, но никој не чувствува вина ниту ја презема одговорноста, иако надлежните институции беа навремено предупредени.

Неколку пати ве повикавме на солидарен фонд, но истиот го сфативте како фонд за правење итни набавки за потребите за справување со здравствената криза, Ве повикавме за заштита на работникот без точен, прецизен договор за работа, за заштита на работниците во сивата економија, но очигледно дека или не нè разбирате или пак воопшто не ви е грижа за нив. Во период кога сите мака мачиме да го преживееме месецот, тие работници од ден на ден, од месец во месец веќе немаат никаков излез, а како што гледаме повторно селективно се делат средства од државната каса, а најранливите остануваат како и секогаш заборавени. Со нивните маки и немаштија оставени сами на себе се снаоѓаат во ек на ваква пандемија.

КСС апелира, без никаков триумфализам, без поделба, во кореспонденција со сите легитимни фактори, да се помогне за сите заборавени, за сите беспомошни работници и семејства, а гледаме дека ги има многу. Во ситуација кога не демне ваква зараза тие немаат излез па ниту можност да преживеат, сите сме едно, сите треба да си помогнеме, а најмногу најбеспомошните, да погледнете подалеку и да не правите поделба по никој основ. Никој не е виновен што се наоѓа во ваква состојба затоа што системот и институциите не се грижеле за нив во минатото. Сега треба да бидеме солидарни и да помогнеме на сите што останале без никаков приход и не можат да го преживеат месецот.

КСС предупреди на неколку пати дека оваа здравствена и економска криза ќе премине во социјална криза, верувајте дека дојдовме на прагот на социјална криза и доколку не успееме да ја менаџираме во духот на солидарноста истата многу лесно ќе прерасне во политичка и институционална криза.

Сега е потребно лидерство и ние еве сега и овде Ве предупредуваме, доколку не преземете соодветни мерки за заштита на работниците, ние ќе бидеме лидерите во заштита на опстојувањето на нашите семејства со цел да опстанеме во ситуација кога нашиот и опстанокот на нашите најмили е доведен во прашање.

Соопштение на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија (КСС)


Можеби ќе ве интересира

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК