Затворена е дискотеката пред која Тот беше претепан до смрт
Објавено во: Македонија 12 Април, 2022
Државниот пазарен инспекторат денеска присилно ја затвори дискотеката „Централ парк“, поранешна „Привилиџ“, потврди за МИА директорката на ДПИ, Анета Симеска.
Симеска појасни дека за дискотеката „Централ парк“, по извршени инспекциски надзори, во февруари е издадено решение за забрана за работење поради немање лиценца, кое во март станало правосилно. Но, бидејќи сопствениците на дискотеката не го запреле работењето доброволно, денеска ДИП присилно ја затворило дискотеката. Пред дискотеката „Централ парк“ минатата недела беше претепан до смрт хрватскиот ракометар Денис Тот.