20 Мај, 2024
0.0265

Заврши тричасовната коалициска средба во Бугарија, прашањето по Македонија мора да помине во парламентот

Објавено во: Македонија 28 Мај, 2022

Добивај вести на Viber


По речиси три часа заврши состанокот на владејачката коалиција во Софија на кој се разговараше за бугарската позиција за Македонија. По средбата пред медиумите се обрати шефицата на кабинетот на премиерот Кирил Петков, која рече дека меѓу страните од владеачкото мнозинство има согласност дека секој договор мора прво да помине во парламентот.

„Во однос на Република Северна Македонија, темата е многу важна за целото бугарско општество како и за бугарската позиција. Коалицијата имаше многу конструктивен дијалог на оваа тема, се договоривме дека за нас е најважно да имаме целосна согласност за оваа тема и се потврди ветувањето дадено од целата коалиција дека темата ќе помине во народното Собрание, а дотогаш ќе ги оставиме дипломатите во министерствата за надворешни работи да продолжат со својата работа. Тие во моментов активно работат и се обидуваат најдобро да ги заштитат бугарските интереси, како и позицијата на целата коалиција, рече Лена Бориславова, шеф на кабинетот. на премиерот Кирил Петков.

Сè уште нема документ прифатлив за двете страни што ќе биде основа за кревање на ветото од страна на Бугарија, изјави вчера премиерот Димитар Ковачевски, нагласувајќи дека почетокот на преговорите со ЕУ не зависи од Владата, туку од решавањето на отворениот спор со Бугарија и одлуката на 27-те членки на ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража