27 Април, 2024
0.0276

Завршуваат работите на реконструкцијата на топловодот на БЕГ на улицата „Народен фронт“ во Капиштец

Објавено во: Мои пари 04 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Согласно обврските, привршуваат активностите за реконструкцијата и дислокација на магистралниот вод Е2 од дистрибутивната мрежа за топлинска енергија на БЕГ, кој поминува низ населбата „Капиштец“ по должината на улица „Народен фронт.

Во текот на вечерните часови екипите ангажирани од БЕГ ќе ги завршат последните два прекопа преку оваа улица, со кои корисниците се поврзуваат со магистралниот вод кој е во реконструкција.

Од Дистрибуција на топлина Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје најавуваат дека по завршување на оваа активност, веднаш ќе започне враќањето на улицата „Народен фронт“во првобитнасостојба.

Инаку, во текот на оперативната изведба, екипите на ангажираните Изведувачи на работите, наидоа на непредвидени препреки, како и неплански поставени подземни инсталации, чие санирање одземаше дополнително време, надвор од предвидениот роk. Од БЕГ им благодарат на граѓаните за разбирањето и за трпението.

Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје, во рамките на својата инвестициска програма за 2017 година, спроведува низа активности за модернизација и ревитализација на дистрибутивната мрежа во Скопје. Преку инвестициите се зголемува квалитетот на услугата, а се зголемува и нејзиниот капацитет во насока на пресретнување на потребите на новите корисници. Истовремено, преку овие инвестиции се зголемува енергетската ефикасност на дистрибутивниот систем за топлинска енергија, што е значајно и за подобрување на квалитетот на животната средина.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“