29 Април, 2024
0.0259

ЗДРУЖЕНИЕ НА ОШТЕТЕНИ ОД ЕУРОСТАНДАРД: Кого штити Фондот за депозити - штедачите или банките

Објавено во: Финансии 24 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка денеска преку свое подолго обраќање до јавноста прашува зошто Фондот за осигурување на депозити работи исклучиво во корист на банките, а на штета на доверителите физички и правни лица?

„Фондот за осигурување на депозити ги штити банките, а ги оштетува доверителите кога ќе пропадне банка. Како осигурително друштво во државна сопственост, Фондот наплаќа премија од банките секоја година за да собере пари за обештетување на доверители во банка во случај на ризичен настан, односно затворање на банка. Во нашата земја, таа годишна премија законски изнесува најмногу до 0,7 отсто од депозитите во банките, додека во реалноста износот на премијата што Фондот со години ја наплаќа од банките изнесува 0,25 отсто. По таа основа во Фондот се наплатуваат околу 12 милиони евра годишно од банките согласно јавно достапните информации објавени од Фондот за осигурување на депозити“, пишуваат од Здружението. 

Натаму, како што додаваат, во сите земји од Европската унија, таму каде сакаме да бидеме земја членка, премијата за осигурување која ја плаќаат банките изнесува минимум 0,8 отсто годишно. И тоа е уредено со Директивата на Европската унија 2014/49/ЕU од 2014 година. Во најголем број земји очекуваната премија законски изнесува 0,8 отсто, додека истата е повисока во европските земји во нашето опкружување.
Еве го процентот на одвојувањето гледано по држави:

Хрватска        2,50 отсто

Бугарија         1,00 отсто

Грција             1,39 отсто

Романија         2,71 отсто

Словенија       0,80 отсто

Унгарија          0,80 отсто

Во нашата земја Фондот наплаќа десет пати пониска премија од банките релативно во однос на Хрватска и значително помалку од сите останати европски земји во регионот поединечно.

„Зошто е ова важно да се знае? Затоа што Фондот ги нема обештетено 2.000 правни лица доверители во Еуростандард банка во стечај и физички лица доверители по други основи кои се дозволени во Европската унија. Од друга страна, побарува да наплати пари од стечајната маса на Еуростандард банка заедно со сите нив. Фондот наплаќа премија од банките околу три пати пониска од законски дефинираната и значително помалку од тоа што е дефинирано во европските земји, каде обештетувањето изнесува до 100.000 евра и за физички и за правни лица доверители во пропадната банка. Во Македонија пак, овој износ е до 30.000 евра и тоа обештетување не важи за правните лица, кои истовремено се законски обврзани да го извршуваат целокупниот платен промет само и исклучиво преку банкарскиот систем“, потенцираат од Здружението.

Според нив, Фондот за осигурување на депозити ги штити банките со наплата на ниска премија за осигурување, многу пониска од законски бараната, додека ги оштетува депонентите во Еуростандард банка, особено правните лица. 
„На нив не им исплатил ниту денар како обештетување и на тој начин ги дискриминирал, како што е потврдено и со одлуката на Уставен суд донесена во мај минатата година. Во исто време, банките во Македонија имаат енормни профити (во 2020 година тие профити изнесувале вкупно 118 милиони евра) и три пати поголема заработка релативно во однос на просекот на банките во Европската унија. Ниската премија за осигурување на депозити е една од важните причинители за огромните профити на банките во земјава, а сето тоа на штета на депонентите“, се вели во реакцијата.

Се додава дека наместо Фондот да наплаќа законска премија од банките, тој се бори во стечајната постапка уште повеќе да ги оштетува депонентите од своите лични парични средства кои се заробени во стечајната маса. Од Здружението сметаат дека Фондот треба да се залага за усогласување и приближување кон законската регулатива со Европската унија, да го зголеми лимитот на обештетување за правни и физички лица и да ја зголеми премијата на банките согласно Законот за Фонд за осигурување на депозити. Односно, банките да плаќаат поголем процент на премија, а да имаат помала заработувачка (профит), како што е тоа случај со банките во европските земји.

„Со ваквото работење на Фондот, наплата на мал процент на премија од банките и исплата на мал износ на обештетување само на депоненти физички лица, ние оштетените правни и физички лица прашуваме кого го штити Фондот, банките и нивните профити или граѓаните!?

Од нашата законска регулатива во која е регулирано обештетување до 30.000 евра само за физички лица, наместо обештетување до 100.000 евра за депоненти физички и правни лица (како што е во сите европски држави), како и одлуката на Управниот одбор на Фондот банките да плаќаат 0,25 отсто премија наместо да плаќаат законска премија од 0,7 отсто, јасно се гледа кого Фондот заштитува. Затоа, ние оштетените депоненти предлагаме Фондот да подготви нови законски измени како во иднина би ги заштитил и граѓаните и фирмите при пропаѓање на банки, а не да прави неосновани обиди во стечајната постапка на Еуростандард банка во стечај како и понатаму да ги оштети депонентите физички и правни лица кои веќе еднаш се оштетени со пропаѓање на банката“, се вели во писмениот допис од Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка.

Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?