17 Мај, 2024
0.0282

ЖЕЛБА ЗА 2021 ГОДИНА - Вилма Учета Дузлевска: Да се врати нормалниот живот и повеќе граѓани да поседуваат некоја осигурителна полиса

Објавено во: Економија 04 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Многу надежи за подобра година, многу посакувања, како никогаш досега очекувања да е подобра од претходната. Во 2021 година влегуваме сите со заедничка желба - овој здравствен предизвик да заврши. Пандемијата ги помести нашите очекувања, нашите приоритети се други, сите други желби имаат помала вредност. 2020 има лош знак, иако можеби за многумина беше и успешна. Успех е и да се зачува здравјето, да се помогне некому, добра работа е да се предизвика нечија насмевка. Такви луѓе има многу. Во деновите пред и по стартот на новата година Фактор објавува новогодишни изјави од медицински експерти, стопанственици, банкари, политичари – сите зборуваат за нивните очекувања од следната година.

Вилма Учета Дузлевска e Генерален директор на Триглав осигурување Живот. Вели дека зад нас оставаме година која со секој изминат ден не потсетуваше дека човештвото не е семоќно, а ние, луѓето, колку и да живееме во време на технолошки чуда, има нешто што е посилно од нас. Верува дека секој од нас научи неколку важни лекции, како што вели, дека и во овој напреден век треба да сме понизни пред она што не можеме да го контролираме но и дека како битија сме способни да се прилагодуваме на промените, брзо да се социјализираме и навикнеме на ново секојдневие.

„За мене лично оваа година беше столб на битни одлуки на професионален план. Со преземање на управувањето на најмладата компанија на македонскиот осигурителен пазар во домен на животно осигурување верувам дека направив вистински чекори и во мојата професионална кариера но и од аспект на јакнење на пазарот за животно осигурување, бидејќи Компанијата по основањето природно е да започне еден нов период на динамичен раст и развој.

Следната година очекувам дека Триглав Осигурување – Живот ќе направи вистински исчекор, не само двојно зголемување на премијата, туку и стратешко позиционирање на пазарот на животно осигурување. Подготвени сме силно да се потврдиме како соодветен партнер на македонските граѓани на начин кој го одликува брендот Триглав. Примарна цел ни е нашите клиенти да останат безгрижни во сите моменти кои осигурувањето може да ги покрие и да ја надомести штетата.

Моите видувања и очекувања се дека следната година ќе дојде до одредена ре-дистрибуција на пазарот за животно осигурување, во домен на удел на пазарот. Верувам и дека целиот осигурителен сектор ќе направи исчекори во домен на дигитализација во работењето, забрзани услуги, насочување кон незадолжителните класи на осигурување и примена на нови можности за вложување на средствата под управување, бидејќи тоа е иднината на нашиот сектор.

Во Новата 2021 посакувам голем дел од македонските граѓани да поседуваат полиса од доменот на незадолжителните осигурувања. Тоа ќе биде показател дека сме успеале да ги надминеме, до некаде, предизвиците од кризата но и да постигнеме колективна свест за придобивките од поседување на полиса за осигурување.

На крајот, посакувам да ни се врати нормалниот начин на функционирање,  дружење и деловно опкружување. Со надеж дека новата година ќе не награди за издржливоста во изминатата, верувам дека влегуваме во подобро утре, повеќе сплотени и свесни за сите вредности кои треба да ги негуваме а кои во изминатите години ни останаа некаде на маргините. Да бидеме доверливи и да ги исполнуваме ветувањата, да бидеме агилни и брзо и лесно да се прилагодуваме на новите промени. Тоа се безвременски вредности но кои со секоја нова година добиваат поголемо значење. Верувам во нив и се стремам да останат дел од моето функционирање бидејќи само така со секоја нова година мојот круг на деловни партнери, клиенти и пријатели расте и се надградува, вели Учета Дузлевска за Фактор.


Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија