27 Април, 2024
0.0260

Земаат плата од еден долар, а заработуваат милијарди!

Објавено во: Анализа 12 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Главниот извршен директор на софтверскиот гигант „Oracle“и на производителот на часовниците „Fossil“ работат за годишна плата од само 1 долар. Но има разлика помеѓу нив тешка 96.2 милиони долари. Токму толку заработил реално минатата година основачот на „Oracle“ Лари Елисон, откако биле вклучени опциите за стекнување на акции и други бенефиции. Сумата е далеку поголема од заработката од секој друг шеф на компанија од индексот S & P 500. Она што реално пак го заработил шефот на „Fossil“, Коста Карцотис е нула. И додека извршните директори(CEO-та) со едноцифрени годишни плати се реткост, кај нив се вклучени многу надоместоци како бонуси. Оние директори кои понекогаш се големи акционери, заработуваат само ако цената на акциите на компанијата расте или пак се исплаќа дивиденда. Овој тренд беше лансиран од Ли Јакока во 1978 година кога тој го презеде владеењето на „Chrysler“ со плата од 1 долар за да привлече внимание на своите напори за спасување на компанијата. Или до други зборови, ако компанијата немаше никаква заработка, немаше да има ни пари за директорот...и обратно! Оваа практика сепак не е широко распространета. Шефовите на компаниите од S & P 500  примаат просечна годишна плата во износ од 1,09 милиони долари (без бонусите, акциите и други дополнителни исплати), или за 1,9% повеќе одколку во 2011 година, според податоците на Блумберг. Претседателот на „News Corp“. Руперт Мардок  заработил плата од 8,1 милиони долари, што е највисока во индексот. Бројот на извршни директори на големи компании, кои добиваат по 1 долар плата, останува релативно непроменет во последните пет години. Некои како покојниот основач на „Apple“ Стив Џобс и ко-основачот на „Yahoo! Inc“. Џери Јанг веќе не се меѓу нив, додека пак други како директорката на „Hewlett-Packard“ Мег Витман и Ричард Хејн, основач на „Urban Outfitters“ станаа дел од групата. Но кои се директорите кои одлучуваат да покажат дека работат за развој на компанијата со тоа што нивната плата изнесува еден долар. Еве дел од нив... Ричард Хејн (Urban Outfitters) Како основач на „Urban Outfitters“ и најголем акционер со 20 проценти удел, тој извлече сериозен профит од 30-процентното поскапување на акциите на компанијата откако повторно зема да ја предводи во 2012 година.  За финансиската година која заврши во јануари, тој добил плата од 1 долари и вкупно награди во износ од 33 273 долари, а компанијата му ги покрива и осигурителните рати. Мег Витман (HP) Витман, која прифати да работи за плата од 1 долар кога беше поставена на чело на компанијата во 2011 година, има добиено 15,4 милиони долари вкупно надоместок за финансиската 2012 година. Во оваа сума влегуваат 7 милиони долари во форма на акции, 6.4 милиони долари како бонуси, 1,7 милиони долари надоместок што не е поврзано со акции и 220 901 долари други надоместоци. Акциите на HP се поевтини за повеќе од 10% откако Витман предводи компанијата во септември 2011 година. Лари Пејџ (Google) Лари Пејџ, кој е ко-основач на компанијата заработил по 1 долар плата во 2011 и 2012 година и ништо повеќе, според финансискиот извештај на компанијата од 24 април. Согласно објавените извештаи до 22 април, најмалку седум CEO-та на компании од S & P 500 за заработиле 1 долар плата или помалку. Со Пејџ тие стануваат осум. Најмалку десет шефови на компании работат за годишна плата од 100 000 долари или помалку, како меѓу нив се Ворен Бафет и Џеф Безос од „Amazon“. Бафет, кој е претседател и извршен директор на „Berkshire Hathaway“ добива 100 000 долари плата, а Незос 81 840 долари. Освен трошоците за обезбедување Бафет и Безос не добиле дополнителна награда од компаниите. Коста Карцотис (Fossil) Сепак никој не работи за помалку пари од газдата на „Fossil“ Карцотис. Тој работи без пари барем од 2008 година, одбивајќи да зема плата, а неговата компанија не плаќа ниту дивиденда на акциите. Акциите на Fossil поевтинија над 25% во последните 12 месеци. Карцотис кој поседува околу 11% од Fossil, успева да се зголеми продажбата на компанијата во секоја година од 1991 година, според податоците на Bloomberg. Единствен исклучок е во 2009 година за време на рецесијата во САД. Во 2009 година Карцотис најави замрзнување на платите на вработените и намалување на платите на сите директори во компанијата. Продажбите на компанијата се зголемуваат четирикратно до 2.86 милијарди долари минатата година во споредба со пријавените 663.3 милиони долари во 2002 година. Ричард Киндер, (Kinder Morgan) Тој е најголем акционер со 23-процентен удел, работи за 1 долар плата и зема такси, а не лимузина од аеродром кога патува.„Kinder Morgan“, која има пазарна капитализација од над 41 милијарди долари и околу 10 милијарди долари во годишни продажби, не поседува корпоративни авиони и не плаќа на раководителите за летови во прва класа, за службени автомобили или за финансиско планирање, според финансискиот извештај на компанијата. Но платата од 1 долар е симболична?!? Лари Елисон е највисоко платениот извршен директор на компанија од S & P 500, по што следи Лесли Мунвес, извршен директор на „CBS Corp“ кој има добиено вкупно награда во износ од 62,2 милиони долари за минатата година. Платата од 1 долар е претежно симболична. CEO-тата, кои се и основачи на компаниите имаат толку големи удели во нив, па можат да си дозволат да не добиваат плата. Статусот на Лари Пејџ, кој е ко-основач на Google, се проценува на над 23 милијарди долари. Елисон, кој го купи хавајскиот остров Лана минатата година, има околу 39 милијарди долари. Ричард Фербанк, извршен директор на „Capital One Financial“ и Џејмс Роџерс, извршен директор на „Duke Energy“ одбегнуваат добивање на плата, но не и добивање на награда како целина. Фербанк заработил вкупно 22,6 милиони долари минатата година, вклучувајќи над 20 милиони долари во форма на акции. Роџерс, кој ја наследува праксата да не добива плата, како и својот претходник Пол Андерсон, заработил вкупно 8,7 милиони долари во 2012 година. Редакција Фактор