Земја која бара илјадници работници
Објавено во: Финансии 02 Ноември, 2017
Велика Британија се очекува да вработи илјадници работници, за да ја обезбеди ефикасноста на царината и другите системи.
Државата се одлучи за една ваква мерка за да системот остане стабилен уште од првиот ден откако Велика Британија и официјално ќе ја напушти Европската Унија.
Ова го потврди и портпаролот на британската премиерка, Тереза Меј.
„Освен преговорите со Брисел, клучно е да спроведуваме и домашни подготовки за да бидеме комплетно подготвени за моментот кога ќе ја напуштиме ЕУ“- истакна тој.
Но, веќе има критики до премиерката дека не се подготвува доволно брзо за сценариото според кое нема да се постигне договор со ЕУ.
Скоро 3.000 работни места се создадени за потребите на Брегзит, а царинската служба на Британија идната година ќе вработи од 3.000 до 5.000 луѓе.