15 Мај, 2024
0.0259

ЗЕМЈА КОЈА МАЧИ МАКА: Половина од компаниите не можат да најдат вработени

Објавено во: Свет 22 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Речиси половина од компаниите во Полска доживуваат проблеми при наоѓање на нови вработени, што ги тера многу од нив да се намалуваат новите инвестиции, покажува последниот извештај на Work Service, најголемата агенција за селекција на персонал во земјата.

"Повеќе од една година, секоја втора компанија во Полска посочува за проблеми во привлекувањето нови вработени", се вели во соопштението на агенцијата Ројтерс. Се додава дека пред две години, 35% од компаниите кои учествувале во истражувањето имале недостиг од персонал.

"Долгорочните последици од оваа појава се многу загрижувачки, со оглед дека сме соочени со огромни демографски проблеми", вели извршниот директор на Work Service Мачеј Витуцки.

Невработеноста во Полска, чие општество е едно од најпознатите стареењето во ЕУ е намалена до 5,9% во јуни и е на најниско ниво од октомври 1990 година

Намалувањето на невработеноста и зголемувањето на платите во брзо растечката економија се означени како ризик од централната банка на земјата.

„Треба да се справуваме со ситуација каде што економијата се развива со прилично добро темпо и впива вработени како сунѓер“, истакнал членот на Советот на монетарната политика Јиржи Кропивницки за Ројтерс во јули.

"Ситуацијата малку се подобри од приливот на вработени од Украина и Белорусија, но како можеме да забележиме притисокот на побарувачката на пазарот на трудот е значителен", дополнува Кропивницки.

Извештајот на Work Service покажува дека недостатокот на персонал натерал 16,4% од компаниите да ги намалат своите нови инвестиции, што е за 3,6 процентни поени над нивото пред една година.

Инвестициите во Полска се намалија во текот минатата година делумно поради помалиот прилив на средства од ЕУ, но се съживиха во вториот квартал од оваа година. Аналитичарите велат дека приватните инвестиции остануваат слаби.


Можеби ќе ве интересира

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници