Земја со нови работни места-невработеноста најмала од 2009 година
Објавено во: Свет 27 Јули, 2017
Бројот на невработени во Шпанија паднал под четири милиони прв пат после повеќе од осум години, бидејќи нови работни места се отворени во текот на летната туристичка сезона.
Националниот институт за статистика соопштил дека во второто тримесечие без работа биле 340 700 помалку луѓе, што е за осум отсто помалку отколку во првото тримесечие оваа година.
Стапката на невработеност во јуни била 17,2 отсто, за 1,5 отсто помала отколку во вториот квартал минатата година.
Работа и понатаму немаат 3,91 милион граѓани, најмалку од почетокот на 2009 година.
После Грција, Шпанија е на второ место меѓу земјите на Европската унија по стапка на невработеност. Шпанија во 2013 година после петгодишната финансиска криза, имала стапка на невработеност од 27 отсто.