27 Април, 2024
0.0280

Земјоделците бараат повисока откупна цена, мелничарите- поголем увоз на пченица

Објавено во: Агробизнис 12 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Попладнево во општина Новаци, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, се сретна со претставниците на здруженијата на земјоделци и од мелничко пекарската индустрија. На Средбата главна тема била откупот на пченицата и цената оваа година. Притоа земјоделците побара откупната цена да не биде под 15 денари за килограм пченица. „Бараме годинава откупната цена на пченицата да не биде пониска од ланската откупна цена и покрај тоа што имаме зголемени трошоци на самото производство“, соопшти претседателот на Сојузот на земјоделците, Вељо Тантаров. Според министерот Димовски, годинава откупната цена ќе остане како ланската, бидејќи ценовните движења на берзите во регионот не се различни од минатогодишните. На средбата беше најавено дека производителите и откупувачите до Министерството за земјоделство ќе поднесат барање за обврзувачки откуп на одредена количина пченица за дозволен увоз на пченица, односно брашно. Тие побараа мерката да биде променета во делот на откупот на пченица, па наместо досегашната еден спрема три, односно три килограми откупена пченица за еден килограм увезена и четири килограми откупена домашна пченица за еден килограм увезено брашно, ова да се промени во сооднос еден спрема два, односно еден спрема пет. Со годинашната жетва, се очекува реколта од 280 илјади тони пченица во земјава.  

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади