03 Мај, 2024
0.0251

Земјоделците навалија со барањата за користење средства од ИПАРД

Објавено во: Агробизнис 26 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

 На осмиот јавен повик за доставување барања за користење средства од ИПАРД програмата се поднесени вкупно 402 барања, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

За мерката 101 (Инвестиции во земјоделски стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на ЕУ), поднесени се 335 барања. За мерката 103 (Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на ЕУ) има 14 барања, а за мерката 302 (Диверзификација и развој на руралните економски активности) 53 барања.

Вкупната вредност на инвестициите за кои се поднесени барања изнесува околу 19 милиони евра, а вкупната сума за кофинансирање околу 10 милиони евра.

Најмногу проекти се за набавка на трактори – 188, со вкупна вредност на инвестиции над 3 милиони евра.

Со цел да се излезе во пресрет на барањата од потенцијалните корисници за подготовка на квалитетни апликации, како и да се овозможи ефикасно искористување на средства од Програмата ИПАРД 2007-2013, наместо до 22 август, јавниот повик беше пролонгиран до 30 септември 2013 година.

Ова е прв јавен повик објавен по модификациите на ИПАРД програмата кои значително го зголемија интересот на македонските компании за нејзино користење.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?