27 Април, 2024
0.0256

Земјоделците тријат раце, исплатени повеќе од пет милиони евра

Објавено во: Агробизнис 10 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии денеска, на 9.055 земјоделци им исплати 338 милиони денари субвенции за повеќе мерки, информира МИА. Најмногу средства, дури 63,3 милиони денари, се исплатени за поддршка на овоштарството, за житни култури со семенски материјал исплатени се 41,5 милион денари, потоа следуваат продадените градинарски култури во преработувачките капацитети со 44,2 милиони. За поддршка на сточарството исплатени се 37,9 милиони денари, за лозарството 34,8 милиони денари, додека останатите средства се исплатени за градинарско производство, за контролирани услови на домати и пиперки, за оризова арпа и за мерката одгледување ориз, сончоглед и пченка. „Со исплатата на субвенциите Владата на Република Македонија и Министерството за финансии остануваат на определбата за поддршка на земјоделството како клучен сектор во македонската економија“ - се наведува во  соопштението од Министерството за финансии.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади