06 Мај, 2024
0.0361

ЗЕМЈОДЕЛСКИ СТОПАНСТВА, ПОЛИТИКА, БИЗНИС СЕКТОР: Дали жените се рамноправни со мажите?

Објавено во: Македонија 08 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Во Македонија во многу сфери жените не се рамноправни со мажите. Конкретните податоци укажуваат дека жените каскнаат зад мажите и сме далеку од стандардите во европските земји. 

Лилјана Јоноски, извршна директорка на Рурална Коалиција од Кичево го потврдува тоа врз основа на истражување кое го направиле во неколку македонски општини. Свеста треба да расте, но и на терен да се подобри состојбата, да има повеќе жени во областите каде доминираат мажите. 

„За жал, мажите и жените не се рамноправни во работната средина во кој било сектор ако земеме да го анализираме, а и загрижува фактот што жените дури и да ги има на одредени раководни позиции тоа се позиции кои што претежно се сметаат за женски, како на пример, директорки на училишта, медицински сестри, воспитувачки во градинки и слично. Согласно нашето последно истражување кое што го спроведовме во шест општини, нема ниту една жена претседателка на Совет, или пак од 16 раководни позиции во една општина само четири им припаѓаат на жените. Ако пак го земете предвид земјоделскиот сектор таму состојбите се уште полоши, односно носители на семејни земјоделски стопанства или управители на фирми во над 80 отсто се мажи, а само 20 отсто жени, но и дури тие 20 отсто често пати се раководат врз основа на она што ќе им го кажат мажите. Жени пожарникарки речиси и да немате, производителки на мед жени се само еден отсто од вкупниот број на пчелари во Македонија, или пак жени во авијацијата, а последниве години имаме благ пораст во бројот на жени кои што работат во одбраната и во полицијата. Таму за прв пат се спроведуваат и посебни програми за родова еднаквост со поддршка на мисијата на ОБСЕ во нашата држава, кои ги вклучуваат и мажите полицајци. Понатаму ако говориме за жени управителки на фирми во бизнис секторот, нивната застапеност таму е 20-30 отсто во зависност од секторот што сè уште е премногу малку, а слично е и во занаетчиството каде што жените најчесто може да ги видите како фризери, стилсти, кројчаи, ама ги нема како чевлари, бојаџии, ковачи, механичари и тоа се тие стереотипи со кои што се бориме години назад, а во кои што нема многу напредок“, вели Јоноски. 

Додава дека и во политиката бројките се поразителни. Како што наведува Јоноски, на национално ниво, особено ако говориме за жените пратенички, таму бројките се над 30 отсто од вкупниот број на пратеници, но тоа е така затоа што тоа е квота која што е задолжително воведена со закон. Исто така објаснува дека на локално ниво, секоја трета на листата за советници треба да биде жена и тука целосно запираат процесите.

„Ние имаме само две жени градоначалнички од вкупно 80 општини и градот Скопје, што е поразително, ама таму нема квоти, па затоа реално таква е и состојбата на терен. Ако ги гледате Советите на општините состојбата е слична, се исполнува законски предвидениот минимум од 30 отсто и толку. Жени - претседателки на Совети во општините се помалку од 20 отсто на територија на целата држава, а најчесто се ставаат за претседателки на пример на комисиите за еднакви можности, како претежно женски комисии и најчесто тие комисии имаат многу малку активности или пак имаат нула активности со нула буџет во текот на годината. Сведоци сме особено последните неколку месеци на стигматизација и омаловажување на жените во политиката, како и несоодветните говори, сексистички изјави кои што ги одвраќаат од политиката и оние малку жени кои што се одлучиле со тоа да се занимаваат затоа што жената нема време да биде и мајка, и успешна политичарка и почитувана сопруга. И што е најстрашно ваквите состојби се пренесуваат и на младите генерации, па така конкретно во Гевгелија за локалниот младински совет се пријавиле само две девојки“, рече Јоноски. 

Додава дека за регионот и земјите членки на ЕУ, состојбите се следни: од 2008 година, па наваму во Албанија Изборниот законик воведува квота од 30 отсто од членовите на локалните совети да бидат жени. Тоа е првиот чекор кој што води кон зголемување на бројот на жени кои што ќе бидат вклучени во локалните процеси на донесување на одлуки. 

„Но, дури и преку воведувањето на ваквите квоти потребно е да се работи и на јакнење на свеста кај жените особено во руралните средини за потребата од нивно вклучување во донесувањето на одлуки, затоа што конкретно во Албанија има делови каде што жените се дури 50 отсто вклучени во работата на советите, но во руралните средини сè уште ваквиот број на жени – членки на локалните совети е многу низок. Но, она што се поставува како клучно прашање таму, а и во останатите земји кога станува збор за учеството на жените во локалните процеси на одлучување (затоа што Албанија на национално ниво котира многу добро, односно од 17 министри, 12 се жени) е како ваквите жени да ја почувствуваат моќта на одлучувањето и зошто дури и да се 50-50 сепак иницијативите на жените поминуваат речиси и незабележано. Во Хрватска само 17 жени се градоначалнички од вкупно 128 градови, иако на пример е земја членка на ЕУ, што значи дека сепак кога говориме за реално и вистинско практикување на родовата еднаквост особено во политиката ние, па и регионот треба да вложуваме уште многу. Од друга страна, пак и во Европскиот парламент процентуалната застапеност на жените е 35,8 отсто, но кај дел од земјите се бележи и огромно учество на жените во политиката, па така во Финска тој процент е 76.9 отсто, а земји каде што се смета дека родовата еднаквост е постигната речиси во секоја сфера од општественото живеење освен Финска се и Шведска и Шпанија, па дури и кога се говори за застапеноста на жените на локално ниво со над 40 отсто жени членки во општинските и локалните совети. Како овие земји го достигнале процентот е со креирање на законска регулатива и услови кои што на жената и овозможуваат еднаквост и во семејството и во градењето на кариера, поволни услови за згрижување на деца и бременост, градење на овозможувачка средина која што жената ќе ја третира еднакво со мажот без оглед на различните улоги кои што жената ги извршува во домот, на работното место, во останатите сфери на општественото живеење. Нивото на политичка култура во овие земји е на највисоко ниво, па затоа и жените се наоѓаат таму каде што се“, изјави Јоноски. 

Мал е бројот на држави во кои жените сочинуваат мнозинство во Парламентите. Руанда се издвојува како земја со најголема застапеност на жени во парламентот, односно 61 отсто или од 80 пратеници, 49 беа жени во последниот состав, додека светскиот просек е нешто над 26 отсто. Куба, Мексико, Никарагва се исто така држави каде над 50 отсто од пратениците се жени.

Сања Атанасовска

Фото: Freepik

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува