13 Мај, 2024
0.0242

ЗЕМЈОДЕЛСТВО: Ќе помогнат ли субвенциите да се зголеми производството?

Објавено во: Агробизнис 10 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Оваа година земјоделското производство ќе се субвенционира со 140 милиони евра. По категории,  за финансиска поддршка на растителното производство се предвидени 51.333.012 евра, а  сточарското производство ќе се субвенционира со 32.520.325 евра. Во делот на мерките за дополнителна поддршка на земјоделството во кои спаѓаат заштита на земјоделско земјиште, премии и осигурувања, помош во сточарскиот сектор, материјални трошоци за спореведување на програмата, помош за одделни категории носители на земјоделско стопанство, се предвидени 3.203.252 евра. Со Програмата за финансиска поддршка на земјоделството за 2014 година, се предвидени 14.731.707 евра за исплата на субвенции од претходните години. Критериумите за добивање субвенции остануваат исти како и минатата година, односно висината на поддршката се намалува со зголемување на пријавените површини или грла добиток. Дел од агроекономистите велат дека е добро тоа што се зголемува финансиската поддршка за земјоделство, но не се согласуваат со критериумите за распределба на субвенциите и висината на средствата за дел од земјоделските култури. Експертите укажуваат дека сегашните критериуми не водат кон окрупнување на земјоделското производство. -Проблемот е во тоа што не се прави разлика во однос на важноста на културите што се субвенционираат. Тука мислам од аспект на тоа која култура е важна за нашето производство односно од која сме увозни зависни, но и која култура ни е важна за извоз. Нас особено ни се важни житата, односно пченица, пченка и јачмен, ние сме увозно зависни од овие култури и мора увозот да го намалиме. Не може тие да се стават во иста група со просото,граорот, сиракот. Потоа кај градинарските производи треба да се види што ни е важно за извоз, и тие култури да се субвенционираат повеќе. Хранливите култури, како брокулата, бамјата и други треба да се субвенционираат повеќе оти имаат висока цена на пазарот. Тука ќе ги споменам и оревите, лешниците и бадемите, кои исто така ги увезуваме, и за нив се потребни поголеми субвенции, оти се употребуваат во слаткарството и во прехрамбената индустрија. Во делот на лозарството сметам дека треба да се одвојат трпезните од винските сорти, и за првите да има повисоки субвенции. Во однос на сточарството, повеќе пари треба да има за гоени говеда и свињи, оти сме увозно зависни од месо, вели агроекономистот Борис Анакиев. Што ќе се субвенционира во поледелството? По 9.000 денари од хектар оваа година ќе добијат п роизводителите на пченица, јачмен, пченка, `рж, овес, ориз, тритикале, хељда, сирак, просо, хмељ, леќа, кикирики, соја, сончоглед, маслодајна репка, добиточна репка, афион, шеќерна репка, памук, граор, еспарзета, добиточен грашок, и наут (слануток), луцерка. Висината на субвенцијата се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 0,3 ха до 10 ха субвенцијата е 100%, од 10 ха до 50 ха 60%, од 50 ха до 100 ха 30% и над 100 ха 10% за секоја култура одделно. Дополнителни 1.000 денари за хектар, ќе добијат производителите кои имаат засеано култури за добиточна храна. Тука спаѓаат   јачмен, пченка, рж, овес, тритикале, сирак, просо, соја, маслодајна репка, добиточна репка, граор, еспарзета, добиточен грашок, луцерка. Субвенцијата за производство на ориз и на сончоглед изнесува 3.000 денари по хектар. Висината на поддршката се намалува исто како и за субвенцијата за житарките. Дополнителни 3.000 денари од хектар, но повторно во зависност од големината на површините, се предвидени за производителите кои ќе употребат сертифициран семенски материјал. Во делот на градинарството, за производство на отворено и во пластеници, оваа година ќе се субвенционираат , домати, пипер, лубеница, диња, грав, боранија, грашок, компир, краставици, корнишони, зелка, кељ, кромид, лук, праз, тиквички, зелена салата, брокула, спанаќ, карфиол, модар патлиџан, морков, целер, цвекло, пашканат, аспарагус,ротквици, цвеќе и култивирано произведени ароматични и зачински растенија и декоративни садници и брзорастечки садници. Услов за добивање субвенции е земјоделецот да има засеано минимум 0,2 хекатри површина. Еве дел од субвенциите за оваа категорија: -          30.000 денари по хектар за домат и краставица  -          25.000 денари по хектар за пипер, компир, режано цвеќе, грав, боранија, грашок, корнишони, зелка, кељ, кромид, лук, праз, зелена салата, брокула, спанаќ, карфиол, модар патлиџан, морков, целер, цвекло, пашканат, аспарагус, ротквици и култивирано произведени ароматични и зачински растенија -          6.000 денари по хектар за лубеница, диња, тиквичка и декоративни и брзорастечки садници Повисоки субвенции се предвидени за градинасрко производство во контролирани услови.  Висината на финансиската поддршка изнесува 90.000 денари по хектар за производство во контролирани услови и производство продадено на домашен пазар или извезено во период од 1 јануари до 15 мај 2014 година во следните минимални количини: -          за оранжерии кои се загреваат: домати 40.000 килограми по хектар, пиперки 20.000 килограми по хектар, и краставици 80.000 килограми по хектар -          за пластеници кои се загреваат: домати 8.000 килограми по хектар, пиперки 4.000 килограми по хектар и краставици 16.000 килограми по хектар. Дополнителни субвенции се предвидени за предадени градинарски производи во преработувачките капацитети. Висината на директните плаќања изнесува 1,5 денари по килограм, освен за пиперки и корнишони за кои висината на директни плаќања изнесува 2,5 денари по килограм. Овошни и лозови насади Услов за добивање на субвенции за овошни и лозови насади е засеана минимум 0,2 хекатри површини и земјоделците да се регистрирани во Единствениот регистра на земјоделски стопанства. Еве дел од предвидените субвенции за овоштарството и лозарството : -          33.000,00 денари по хектар за круша,вишна, актинидија и за јаболкови насади со број на садници над 1.000 садници по хектар, за праска, кајсија и цреша со број на садници над 599 садници по хектар; -          90.000,00 денари по хектар за јагоди одгледувани во саксии во контролирани услови (оранжерија или пластеник); -          28.000,00 денари по хектар за: дуња, мушмула, слива, маслинка, калинка, јапонско јаболко, смоква, аронија, боровинка, шип, рибизла, малина, капина,гоџи бери, јагода на отворено, бадеми, лешници и за јаболкови насади со број на садници од 400 до 999 садници похектар; -          15.000,00 денари по хектар за насади со ореви и питоми костени; Висината на субвенцијата се намалува со зголемување на пријавената површина и тоа од 0,2 ха до 5 ха субвенцијата е  100%, од 5,1 ха до 30 ха 60%, од 30,1 ха до 50 ха 30% и над 50 ха 10%. За лозарството, минималната површина е 0,2 хектари, а минималниот потребен број на садници е 1.500 садници по хектар, за лозови насади подигнати до пролет 2013 година. Субвенцијата  40.000,00 денари по хектар или 100% за лозови насади на површина од 0,2 ха до 5 ха, 24.000,00 денари по хектар или 60% за површина од 5,1 ха до 30 ха, 12.000,00 денари по хектар или 30% за површина од 30,1 ха до 50 ха и за површина над 50 ха 4.000,00 денари по хектар или 10% од максималната висина на поддршка. Финансиската подршка за тутунот останува иста, 60 денари за килограм предаден тутун. Производство на месо, млеко, одгледување на грло добиток Сточарството е една од земјоделските гранки од чии производи Македонија е увозно зависна, велат агроекспертите. Еве колку пари се идвоени годинава за оваа гранка. -          2.800 денари по грло обележано говедо ( бројот на обележани грла се пресметува скалесто и тоа: од 1 грло до 100 грла 100%, од 101 грла до -          150 грла 70%, од 151 грла до 300 грла 40% и над 301 грла 20%.) -          1.500,00 денари и се исплаќа за женско грло говедо кое е на возраст од 12 до 24 месеци на 31.10.2014 година ( за основни стада за производство на говедско месо) -          3,5 денари по литар произведено и предадено млеко на преработувачки капацитети -          денари по грло обележанио овци и кози за сите категории и возрасти -          700 денари за женско јагне и јаре -          денари по грло маторица -          25 денари за заклана кокошка несила и 30 денари по пиле (бројлер) Последниве години Владата издвојува стотитици милиони евра за поддршка на земјоделството. Агроекономистите велат дека постојат релевантни податоци за земјоделството од кои се заклучува дека има определен придонес во севкупната економија: зголемен БДП, зголемен извоз, поголеми приноси. Но предупредуваат дека постојат и индикатори кои укажуваат на намалени производни капацитети и голем увоз на храна. Последните статистички податоци покажуваат дека има зголемување на вкупниот извоз, но и мало намалување на вкупниот увоз. Но бројките покажуваат дека Макдонија и натаму останува увозно зависна од храна. Увозот на храна и живи животни, лани во споредба со претходната 2012-та година бележи зголемување за 0,1 %, и изнесува близу 682 милиони евра. Ј.С.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?