Земјотрес попладнево во Јанина
Објавено во: Балкан 16 Ноември, 2016
Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во близина на грчкиот град Јанина.
Според Институтот за геодинамика во Атина, епицентарот на потресот се наоѓал на 15 километри северозападно од Јанина, а бил почувствуван во поширокиот регион.
Од синоќа во оваа област имаше интензивна сеизмичка активност со потреси кои се движат меѓу 2,5 до 3,7 степени според Рихтеровата скала
Потресите од Грција денеска беа почувствувани и во Македонија.
Земјотреси денеска имало во Италија, Турција, и во Црна Гора од 2.3 степени.