Земјотрес во Хрватска, почувствуван и во Србија
Објавено во: Балкан 07 Октомври, 2016
Земјотрес од 4.4 степени го погоди денеска Славонски брод во Хрватска, а истиот е почувствуван и во Србија.
Потресот е почувствуван околу границата, во околината на Шабац, но и во Белград.
Штети засега нема од земјотресот. Хрватските медиуми пишуваат дека земјотресот е највеќе почувствуван во Ѓаково. Тој се случил во 11.25 минути. Медиумите во Хрватска наведуваат дека се работи за умерен потрес.