Земјотресите не запираат - утрово се стресе Делчево
Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2016
Нов земјотрес во Македонија.
Потрес со јачина од 2.5 степени според Рихтеровата скала утрово во 8.58 часот е регистриран во Македонија.
Според Европската сеизмолошка станица епицентарот на земјотресот бил во Делчево, на длабочина од 2 километри.
Истиот е почувствуван и во соседното Пехчево и околината.
Вчера и во Скопје околу пладне беше почувствуван земјотрес со јачина од 2.6 степени со епицентар 5 километри источно од Скопје.
Земјотресите се честа појава во последниве месеци во земјава и во соседството.Утрово земјотреси имало во Турција, Колумбија, Италија, Франција и други земји.