Земјотресот во Иран повреди повеќе од 100 луѓе
Објавено во: Свет 08 Јули, 2019
Повеќе од 100 повредени има во земјотресот кој го погоди Иран.
Неколку згради се оштетени во земјотресот со јачина од 5,7 степени што го погоди југозападниот дел од Иран.
„АП“ пренесе дека седум од 112 повредени лица се префрлени во болница, а постар маж починал од срцев удар за време на потресот.
Земјотресот го погоди подрачјето на околу 84 километри источно од иранскиот град Ахваз, кое е познато по бројни наоѓалишта на нафта.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на Масџид Солејман во провинцијата Хузестан, околу 450 километри од Техеран.
Во близина на епицентарот, околу 6.000 луѓе живеат во 15 села.