Женска љубомора - причина за апсењето на терористот од Реина
Објавено во: Свет 20 Јануари, 2017
Женска љубомора е причината за откривањето и апсењето на терористот Абдулгадир Машарипов, кој уби 39 лица и рани речиси 70 во истанбулскиот клуб Реина на новогодишната ноќ, пишуваат турските медиуми.
Законската сопруга на атентаторот Ф. А., мајка на неговите две деца, дознала дека Машарипов живее во тајност со љубовницата Сенегалка, и ја пренела оваа информација на полицијата.
На 6 јануари раководството на „Исламска држава", од безбедносни причини, одлучило да го подели семејството и да ги смести во различни соби.
Кога отишол во новото сместување, каде требало да се сокрие, Машарипов го одвел со себе својот син на четири години, и покрај противењето на мајката.
Жената, заедно со нивната ќерка - на околу година и половина, била одведена во сместување во населбата „Пендик" на азискиот брег на Истанбул. Таму таа дознала дека сопругот има љубовница.
Полицијата прво ја фатила Ф.А. заедно со други џихадисти. Распитите траеле со денови.
Поради љубомора таа го издала сопругот.