26 Април, 2024
0.1921

Започнува регистрацијата за Женска трка 2017

Женска трка 2017: Извор на здравје, убавина и забава

Објавено во: Мои пари 16 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Традиционално пред почетокот на долгоочекуваниот Виз Ер Скопски Маратон, на 9ти април 2017 (недела), ќе се одржи 5-тата по ред Женска трка во Градскиот Парк. Истата е со должина од 2км и на крајот од трката сите натпреварувачки учествуваат во лотарија со богати награди од спонзорите.

Женската трка низ годините успева да ги посочи здравствените придобивки од редовното спортување и да инспирира за воведувањето натрчањето како здрава навика во животниот стил кај секого.

Секоја година илјадници учеснички ја започнуваат сезоната на здравјето и вежбањето преку тренирање за женската трка. Од година на година таа добива на популарност и сè повеќе  жени се пријавуваат за учество.

Истата се организира од страна на Сојуз на Спортови на Скопје и е во покровителство на Град Скопје како дел од промотивните трки за Виз Ер Скопскиот Маратон кој ќе се одржи на 07 мај 2017 година и за кој сè уште трае рокот за пријавување. На маратонот досега се имаат пријавено над 1.500 учесници од 31 земја – бројка која ветува и ова издание на Виз Ер Скопскиот маратон да е најмасовното до сега.

За Женската трка 2017 пријавувањето започнува од денес, 16ти февруари, а сите кои ќе се пријават во првите 4 денови ќе можат да си го изберат стартниот број. Првиот рок за пријавување ќе заврши на 28ми февруари, каде по завршување на истиот цените постепено ќе се зголемуваат.

Пријавувањето и регистрацијата за Женската трка2 017 ќе може да се направи преку официјалната веб страна на Виз Ер Скопскиот Маратон http://skopskimaraton.com.mk/zenskatrka2017 и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопскиот Маратон, www.smartrace.club.

Организаторот за месецот на љубовта, на сите оние кои имаат дилема при изборот на уникатен подарок за партнерот, им препорачува подарување стартен број за учество во една од најинтересните и најзабавни трки кои се организираат во Скопје.

Повеќе информации можат да се најдат на: http://skopskimaraton.com.mk/ и https://www.facebook.com/skopskimaraton/.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“