21 Мај, 2024
0.0264

„ЖЕШКА“ ДОМАШНА ОБВРЗНИЦА ОД 130 МИЛИОНИ ЕВРА - чекајќи го новиот министер за правда, државата со пари ја хранат домашните кредитори

Објавено во: Финансии 22 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Додека се чека да се избере новиот министер за правда, кој, пак, по се изгледа дека прва задача кога ќе седне на министерското столче, ќе му биде да ја потпише новата еврообвзрница која земјава ќе мора да ја издаде по пропаѓањето на претходната, државава емитувала домашна државна обврзница, и тоа на прилично „жешка“ сума, од дури 130 милиони евра.

Тоа се случило во четвртокот минатата недела, односно на 16 февруари, откако неколку дена претходно се издаде уште една ваква домашна хартија од вредност, но таа беше на прилично помала сума, односно 14 милиони евра. За таа обврзница опозицијата, односно ВМРО-ДПМНЕ, критикуваа дека власта знаела дека ќе пропадне еврообврзницата од 600 милиони евра, па затоа и издала и државна обврзница, за да ги земе парите кои му биле потребни на државниот буџет. 

Но, сега оваа сума од 130 милиони евра е прилично значајна, и можеби покажува дека на власта итно и требаат пари, откако се утврди дека разрешувањето на старите и изборот на новите министри не оди така лесно, а со тоа и доаѓањето на позиција на новиот министер за правда, кој треба да го стави својот потпис на правното мислење кога ќе се издаде новата еврообврзница.

Инаку, станува збор за двегодишна домашна обврзница, за разлика од претходните кои се издаваа на 15 години. Односно, новата хартија од вредност има датум на издавање 16 февруари 2023 година, а нејзиниот датум на достасување е 16 февруари 2025 година, односно парите треба да се вратат после две години.

Ова всушност значи дека Владата игра на сигурна карта дека набрзо ќе ја издаде еврообврзницата, па затоа овие пари кои и се ургентно потребни ветува дека ќе ги врати побргу, по само две години, што значи дека и требаат за да го преброди овој кризен период, а сакајќи преку помалата рочност да добие веројатно пониска каматна стапка. 

Инаку, дека државата издала домашна државна обврзница се дознава преку известувањето кое го испари Македонската берза, а која информира дека почнувајќи од утре на пазарот на капитал ќе почне да котира домашна обврзница без девизна клаузула, на износ од осум милијарди денари, или 130 милиони евра.

Каматната стапка на оваа еврообврзница е 5,25 отсто, нешто помалку од претходната, која беше издадена со рок од 15 години.

Инаку, министерот за финансии Фатмир бесими денеска соопшти дека Министерството за финансии е подготвено и може веднаш да излезе на меѓународниот пазар со издавање на еврообврзницата, штом во Собранието заврши процедурата за избор на министер за правда.

„Очекувам и следната аукција да биде успешна. Зад овој процес стои конзорциум на банки со кои 20 години земјата реализира успешно издавање на еврообврзници, а постои и интерес од инвеститорите што учествуваа на аукцијата на 9 февруари повторно да учествуваат“, рече првиот финансиер.

Повторената аукција, како што рече министерот, не повлекува финансиски трошок, бидејќи тоа е во рамки на договорот што го има земјата со конзорциумите банки, кои во овој процес не следат 20 години.

„Штом се избере министер за правда, ние сме подготвени следниот ден да настапиме на пазарот, зависно од оценките на банките кои ќе посочат кои се добри позиции. И следната трансакција ќе биде успешна. Инвеститорите покажуваат интерес повторно да се јават. Ние издаваме познат производ за нив, не доцниме со исплати и тоа им е познато нив. Нема нови трошоци за повторената постапка, додека каматата ја одредува пазарот“, рече министерот Бесими.

Тој потенцира дека каматната стапка ќе го одреди и износот на кој ќе биде издадена Еврообврзницата. „Ние имавме плафон на 800 милиони евра и одлучивме да издадеме Еврообврзница од 600 милиони евра за да ги платиме обврските кон странство, односно еврообврзницата што доспева во јуни од 450 милиони и каматите околу 30 милиони за истата, како и други заеми што доспеваат кон странство. Идејата беше тоа што ќе го обезбедиме со Еврообврзница да платиме она што е обврска кон странство. Доколку каматата е над 7 проценти и повеќе, може да се разгледа опцијата да се издаде Еврообврзница само на 500 милиони евра, па во текот на годината да се видат повторно условите, односно доколку се олабават каматите, затоа што се очекува во втората половина од годината инфлацијата да се намали и растот да се зголеми, но имаме многу непознати и никој не знае што ќе се случи во Украина“, истакна министерот Бесими.

Појаснувајќи ја постапката поради која ќе се повтори аукцијата за издавање на еврообврзница, рече дека тоа е поука и најави дека ќе се предложат законски измени со кои нема да се потпишува мислењето само од министер за правда, туку тоа да може да биде и друг член од Владата.

Како што пишуваше Фактор, на 9 февруари годинава или еден ден откако ја изаде еврообврзницата од 600 милиони евра, од Владата издале и 15 годишна државна обврзница, на сума од 14 милиони евра. Стануваше збор за државни обврзници  без девизна клаузула, со вредност на емисијата од близу 872 милиони денари  и со датум на достасување во февруари 2038 година. Нејзината каматна стапка беше утврдена на 5,6 отсто. 

Каматата, пак, на четиригодишната еврообврзница што ја издаде Владата на меѓународниот пазар, и која потоа пропадна, изнесуваше 6,25 отсто. 

Нина Нинеска-Фиданоска 

Можеби ќе ве интересира

ОД ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ВО ГРЦИЈА, БОЛИ ГЛАВА: Еве детална листа на цените, изненадуваат овошјето и зеленчукот

ОД ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ВО ГРЦИЈА, БОЛИ ГЛАВА: Еве детална листа на цените, изненадуваат овошјето и зеленчукот

ПАРИТЕ ЌЕ ОДАТ КАЈ БОГАТИТЕ, МНОГУМИНА ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ РАБОТА: Ова е нашиот единствен спас

ПАРИТЕ ЌЕ ОДАТ КАЈ БОГАТИТЕ, МНОГУМИНА ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ РАБОТА: Ова е нашиот единствен спас

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

КОЛКАВИ СЕ ПЛАТИТЕ НА РЕГУЛАТОРИТЕ ЗА СТРУЈА И ВОДА: годишниот извештај открива колку се троши на плати и надоместоци за вработените

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена