ЕДЕН ДЕН ПО ЕВРООБВРЗНИЦАТА ОД 600 МИЛИОНИ ЕВРА, ВЛАДАТА ИЗДАЛА И ДОМАШНА ОБВРЗНИЦА - еве со која камата и рочност ќе ги враќаме парите

Објавено во: Финансии 12 Февруари, 2023 17:34
Еден ден откако ја изаде еврообврзницата од 600 милиони евра, од Владата издале и 15 годишна државна обврзница, на сума од 14 милиони евра.
Таа домашна државна обврзница од утре ќе почне да котира на Македонската берза.
За тоа берзата ја извести инвеститорската јавност.
Станува збор за државни обврзници без девизна клаузула, со вредност на емисијата од близу 872 милиони денари и со датум на достасување во февруари 2038 година.
Она што е битно за оваа државна обврзница, со која земјава се задолжува кај домашните кредитори, е дека нејзината годишна каматна стапка ќе изнесува 5,6 отсто.
Оваа камата дадена од државата за зајмењето дома е малку пониска од онаа што земјава ќе ја плати за четиригодишната еврообврзница што минатата недела ја издаде на меѓународниот пазар, од 6,25 отсто.
Како што веќе пишувавме, Министерството за финансии на 8 февруари ја издаде најновата, деветта по ред еврообврзница на меѓународниот пазар, тешка 600 милиони евра. Со оглед на скапите пари поради инфлацијата кои владејат на светските пазари, за неа ќе платиме камата од 6,25 отсто, која е втора по својата висина по онаа од над 9 отсто, платена за еврообврзницата издадена во 2009 година, кога владееше големата светска економска криза.
Ова следува откако Владата на 6 месецов донесе одлука да издаде ваква должничка хартија од вредност, утврдувајќи како максимален износ на позајмување 800 милиони евра, што вообичано досега бил и износот на кој се издава еврообврзницта, но овој пат се обезбедија за 200 милиони евра помалку, односно 600 милиони евра.
Според чуварот на државната каса, Фатмир Бесими, пристапот бил во услови на скапи финансиски пазари, да не се изврши задолжување за целиот одобрен износ до 800 милиони евра, туку само за износот за враќање на старите долгови. Рочноста на новата еврообврзница е само четири години, при што, потенцираат од Финнсии, интенцијата е да се оди со пократок период на отплата, наместо вообичаениот од седум години, за да се намали годишниот буџетски трошок за каматни плаќања.Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
ИМА ЛИ „ЧАД“ ОКОЛУ БАНКАТА, ИЛИ СЕ САМО СИТНИ АКЦИОНЕРСКИ ПРЕГРУПИРАЊА - се продаде нов блок на Стопанска Битола за 78 илјади евра

ПАПАТА ФРАНЦИСК ИМ ГИ НАМАЛИ ПЛАТИТЕ: Еве колку заработуваат вработените во Ватикан

ЕМ ПАРИТЕ СИГУРНО ЌЕ ИМ СЕ ВРАТАТ, ЕМ СОЛИДЕН ПРИНОС - домашните кредитори ѝ позајмија на државата над 30 милиони евра

ОСТАНУВА ТАЈНА КОЈ КУПИ 4,99 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - дали ова се можните продавачи на тој акционерски пакет

„ТИВКОТО“ БОГАТСТВО НА ПАПАТА ФРАНЦИСК: Еве како ќе се подели неговиот имот

ПРОСЕЧНА ПЛАТА ОД ОКОЛУ 4.500 ЕВРА: Ова е најдобрата земја за преселба во 2025 година

ДОБРА ВЕСТ ЗА СИТЕ КОИ ЌЕ ЛЕТУВААТ ВО ГРЦИЈА! Многумина одат на ова место, сега ги чекаат половина цени, еве за што се работи

ДУРИ 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОСТАНАТ КАКО ЗАДРЖАНА ДОБИВКА - еве зошто акционерите на Стопанска банка Битола нема да добијат дивиденда

СОМНИТЕЛНИ ДЕЛОВИ, ВРАТЕНА КИЛОМЕТРАЖА: Внимавајте кога купувате половни автомобили увезени од овие земји
