ЖЕШТИНИТЕ УРИВААТ РЕКОРДИ: Метропола во Скандинавија со температури какви немало 71 година
Објавено во: Свет 08 Август, 2018
Во градот Осло во Норвешка е урнат температурниот рекорд стар 71 година.
Рекорд е урнат ако се земе в предвид бројот на денови во кои температурата е над 25 степени Целзиусови.
Денеска е веќе 65 – ти ден и температурата е над 25 степени, без најава за намалување.
Според наводите на Норвешкиот метеоролошки институт, претходниот рекорд од 1947 година забележан во округот Бускеруд, западно од Осло бил 62 дена континуирано температура над 25 степени.
Топол бран ја зафати Европа. Поради времето се појавија и пожари во Шпанија и Португалија.
Научниците предвидуваат дека Земјата ја очекуваат многу високи температури.