Жестоки спротивставувања од опозиционерите за замениците министри кои ги предлага Заев
Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2017
Премиерот Заев на денешната собраниска седница ги соопшти имињата на замениците министри.
Во тек е собраниска дебата на која се дебатира за предлозите кои ги даде Заев а најмногу негодувања од страна на опозицијата има за името на Арта Точи која се предлага да биде заменик-министер во Министерството за надворешни работи.
Од опозициската ВМРО ДПМНЕ засега најмногу спорат околу Точи поради како што велат нејзината изјава дека Западна Македонија е одземен дел од Албанија.
Пратениците на ВМРО ДПМНЕ го обвинуваат премиерот за поставување на партиски кадри и дека единствен проект кој го направила досега Владата на Заев е проектот со најголем број на министри вклучени во Владата.
„Само популистички мерки, а ништо во интерес на граѓаните. Апелираме заменикот за култура дека нема да оди по стапките на министерот со полициска придружба и против македонската култура. Очекуваме заменик министерот за животна средина Јани Макрадули да ја реши депонијата во Стуга и ПМ честичките во сите загадени градови ќе бидат на најниско ниво“- се дел од забелешките искажани во Собрание.
Премиерот реплицираше и рече дека сите предложени кандидати ќе работат исклучиво во интерес на граѓаните, на државата, и дека институциите ќе носат одлуки а времето на популицизмот завршило.
Опозиционерите бараат итни реформи, и бараат Заев да го испорача она што го ветил, живот за граѓаните а не празни дебати.