26 Април, 2024
0.0280

Жетвата одамна заврши, а пченицата скапува во амбарите

Објавено во: Агробизнис 13 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Македонската пченица скапува во амбарите, а мелничарите увезуваат српска пченица, реагираат земјоделците. Врнежите од дожд што деновиве ја зафатија земјава се добредојдени за есенската сеидба на пченица, но земјоделците најавуваат дека ќе посеат помалку пченица. Велат дека се затрупани со залихи. Мелничарите како што тврдат дел од земјоделците не ја сакаат македонската пченица и увезуваат од Србија, со образложение дека домашната пченица не ги исполнувала условите за квалитет. Револтирани од ниската откупна цена, дел од земјоделците велат дека годинава ќе посеат помалку пченица. 

„Седибата почна, но со кои пари ќе сееме? Голем дел од земјоделците се со преполни амбари со пченица, нема кој да ја земе. Мелничарите велат дека нашата не била квалитетна и увезуваат од Србија. Сега пченицата се откупува по 7 денари за килограм, тоа е катастрофална цена. Производна цена на пченицата е 10 денари за килограм, со таа цена некако можат да се покријат трошоците. Јас годинава ќе посеам 30% помалку пченица, повеќе ќе посеам јачмен за добиточна храна.И дел од земјоделците од овој регион најавија дека помалку ќе посеат. Со министерот за земјоделство кога зборевме ни кажа дека он е само медијатор и дека тоа е пазарна економија и не може да се преземаат мерки како што имаше порано за условен увоз, оти Србија најавила ако се преземат такви мерки тие ќе воведат санкции за други македонски производи“, вели Драги Мицкоски,претседател на здружението Аграр од Прилеп.

НБРМ- Пад на цените на житарките на светските берзи

Во најновиот извештај на Народната банка се посочува дека цената на пченицата на светските брзи паѓа, нои на пченката. За следната година се очекува пораст на цените.

„Најновите оценки за 2016 година за цената на пченицата покажуваат двојно поголем пад во споредба со априлската проекција, што се објаснува со подобрените производствени изгледи, особено во регионот на Црното Море. А поголем проектиран пад од претходно очекуваниот е забележан и кај цените на пченката, што се должи на поповолните временски услови во главните производствени региони на САД и зголемениот потенцијал на приносите од тековната година. Се очекува дека цените на житарките во 2017 година ќе остварат раст, којшто ќе биде помал во споредба со априлските проекции“, се наведува во извештјот на НБРМ.

Анализи на почва и агротехнички мерки за добар род, но скапи за земјоделскиот џеб

Според оптималните рокови есенската седиба треба да заврши најдоцна до до крајот на месецот. Експертите препорачуваат за добар род да се применат сите потребни агротехнички мерки, да се употребува квалитетен семенски материјал и соодветно ѓубриво и заштитни средства, но и пред сеидба да се напрваи анализа на почвата.

-Временски се услови за есенската седиба се одлични.Веќе е завршена седибата на маслодајната репка, сеуште се сее добиточниот грашок и од 15-ти овој месец до крај на месецот се сее пченицата. Врнежите од дожд се добредојдени, а и влагата во почвата е на добро ниво, што е важно за да има добро поникнување на растението. Земјоделците трба да внимаваат да ги запазат оптималните рокови. Секако треба убаво да се подготвни почвата и да се стават соодтветни минерални ѓубрива. Препорачливо е да се направат анализи на почвата, за тие анализи има и субвенции. Сметам дека површините во скопскиот регион кои беа зафатени од поплавите се безбедни, бидејќи понекогаш наносите од песок може да го зголемат квалитетот на почвата , вели Огнен Оровчанец, сопственик на „Агроунија”.

Земјоделците пак велат дека сите знаат што е потребно за добар род, но не се финансиски моќни за да ги употребат сите агротехнички мерки. 

„Ние сите знаеме што треба да направиме за добар род. Но , еден килограм семенски материјал чини 35 денари, а каде се заштитните средства што мора да се употребат, а откупната цена на пченицата е 7 денари за килограм, некој немаат ниту субвенции земено.Во споредба со лани семенскиот материјал годинава е двојно поскап, зголемена е цената и на заштитните средства. Со кои пари и со која откупна цена да го направиме ние се тоа?“, вели Мицкоски.

Од 80.000 хектари насеани со пченица родот годинава тежи 306.000 тони што е зголемување од скоро 60 проценти во споредба со ланската жетва.Просечениот принос беше 3.800 килограми на хектар. Инаку површините со пченица од 2005 година досега бележет намалување. Во 2005 година имало 108 илјади хектари со пченица, а лани се намалени на 73 илјади хектари.  Дел од домашните потреби за печница односно околу 150.000 тони се покриваат од узвоз. Според податоците од Државниот завод за  статистика за увоз на жита и преработки од жита трошиме околу 70 милиони евра.

Т.С

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади