02 Мај, 2024
0.0266

Жидан: Македонија е на добар пат во делот на земјоделството за приклучување кон ЕУ

Објавено во: Агробизнис 25 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Македонија во делот на земјоделството направи многу важни и тешки чекори во приближувањето кон Европската унија, оцени денеска словенечкиот министер за земјоделство и животна средина Дејан Жидан, кој престојува во посета на Скопје. - Важно е дека она што треба да се направи, мора да се направи на време затоа што во моментот кога ќе се забрза процесот на приклучување кон ЕУ, тогаш нема време. Македонија е на добар пат во делот на земјоделството и сакам уште еднаш да истакнам дека онаму каде што треба помош, Македонија има пријател кој се вика Словенија - нагласи Жидан по средбата со неговиот македонски колега, Љупчо Димовски. Двајцата министри изразија задоволство од досегашната соработка на ниво на министерства и од зголемувањето на трговската размена меѓу двете држави во делот на извозот и увозот на земјоделски производи. Од македонска страна е иницирано да се зголеми пласманот на градинарските производи за потребите на словенечкиот пазар. - Имаме плодна соработка. Од наша страна беше инсистирано да го зголемиме пласманот на нашите градинарски производи за потребите на словенечкиот пазар, но и за потребите на словенечката преработувачка индустрија, истакна министерот Димовски. Тој додаде дека Македонија има голема поддршка од Словенија во делот на синхронизацијата кон европската регулатива, но и техничка поддршка за реализација на низа проекти.  

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?