05 Мај, 2024
0.0230

Жито Лукс се вклучи во кампањата за донација на леб на бездомници

Објавено во: Стил 06 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Жито Лукс со своја донација се вклучи и ја поддржа кампањата иницирана од Твитер заедницата во Македонија, #ретвитниоброк.

Викендов, компанијата стана партнер на кампањата преку донација на леб за сите бездомници кои во саботата се пријавија на пунктот зад Спомен куќата на Мајка Тереза во центарот на Скопје.

Кампањата #ретвитниоброк преку социјалната мрежа Твитер ги организира граѓаните за донации и подготвување оброци за бездомниците.

 Оваа донација е дел од кампањата на компанијата, насловена „Храна подарена од срце“ која се одвива во континуитет при што избираат различни институции и установи каде што потребата од помош и донација е најактуелна и најпотребна.