28 Април, 2024
0.0266

Живееме во свет во кој една реченица може да не однесе во пропаст!

Објавено во: Анализа 09 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Во неговата биографија Ворен Бафет, најголемиот инвеститор на сите времиња кажува како во шеесетите години одел од град во град да купува акции од одредени компании. Веројатно берзата не била интегрирана како денеска и постоеле и такви опции. Исто така опишува како одел на акционерските собранија и на кој начин на неговата маса ги анализирал финасиските извештаи кои нонстоп пристигнувале на неговото биро. Иако принципи на тргувањето после толку декади останал ист и може да се аплицира и денеска, начинот на кој што се тргува неверојатно многу е различен од минатото. Буквално од било која точка во светот може да купите или продадете разни финасиски иснтрументи, се што ви треба е интернет конекција. Светот се глобализира и се приближува и полека станува една целина. Без разлика што државите сеуште постојат, начинот на кој САД реагира на забавувањето на Кина, или пак на кој цела Европа реагира на грчката криза и слично покажува дека сакале или не информациите не може да ги запреме, а реакциите на нив се секавични. Во таа смисла ќе се вратиме на настнот кој пред некое време ја урна берзата во САД за 1% за само две минути. Твитот кој се појави на хакираната сметка на Асошиејтед прес ја покажа токму оваа неворојатна глобализираност и брза реакција на инвеститорите кои одлуката може да ја донесат во истиот момент кога веста стигна. Во период кога САД се справуваше со терористичкиот напад, се појави твит во кој пишуваше дека Белата куќа е нападната и дека Обама е повреден. Со оглед на тоа дека изворот е сосема релеватнен и дека луѓето сеуште беа под импресии реакциите беа секавични. Од нигде никаде берзата падна за 150 поени. Тоа се 30 компании кои се дел од ДАУ индексот и верувајте дека воопшто не е лесно така силно да се сруши овој индекс. Или поточно кажано треба да има голема причина за тоа да се случи. Замислете сега колку луѓе во тој момент што купувале на маргина се изгореле бидејќи нивните позции се затвориле. Доколку купувате на левериџ 1:100 доволен е еден процент пад да ви ја избрише вашата позиција. Овој твит покажа колку сме ранливи и колку сме истовремено поврзани. Можеби хакерите токму тоа сакале да го покажат. Се чини дека најголема среќа во целата приказна е тоа што, многу брзо се покажа дека твитот е лажен. Замислете да беше дадена информација која не може да се провери за неколку минути..на пример дека е потопен некој број на отворено море и слично. Какви ли ќе беа тогаш последиците? Редакција Фактор