06 Мај, 2024
0.0268

Живеј право и храни се здраво! Кој купи 745 тони јаболки со 325.000 евра народни пари?

Објавено во: Македонија 13 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Доколку проектот Здрава ужинка за сите основци стане пракса и добие континуитет низ претстојните години повеќе од сигурно е дека ќе биде позитивно и применливо искуство. Затоа што овозможува со еден потег да се откупи голема количина јаболки и таа интервенција кај понудата да спречи уривање на нејзината пазарна цена и револт кај и така напатените земјоделци. А истовремено со тоа се создава процес на градење на здрави навики за исхрана кај децата уште од основно училиште

Владината Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој (АФПЗРР) на тендер набави 745 тони првокласни јаболка. Традиционалното овошје произведено од македонски земјоделци е наменето за здрава ужинка на 185.000 ученици и ученички во сите основни школи ширум Македонија.

За оваа набавка АФПЗРР издвои 325.000 евра буџетски пари и распиша јавна набавка на која бараше економски оператор што ќе обезбеди по 4 килограми првокласни домашни јаболки за 185.000 ученици – основци. Јаболките требаше да бидат пакувани во мрежи со маса од по два килограми. На секој ученик му следуваат по 4 килограми јаболки во проектот што ПР тимот го именува како Здрава ужинка за сите основци.

Проектот беше афирмиран минатиот месец, а јаболката веќе се делат на големо низ училиштата ширум Македонија. Од пред некој ден достапни за јавноста се и финансиските детали за овој проект финансиран од буџетски (читај народни) пари.

Најповолен економски оператор на тендерот на кој имало три понуди била фирмата „Еуро Кост“. Погодете од кој македонски град е оваа компанија? Се разбира, од Ресен – македонската престолнина на јаболките.

„Еуро Кост“ се обврзал за 325.000 евра да откупи 745 тони јаболка, да ги спакува во мрежи од по два килограми и да ги достави до сите школи во Македонија. Операцијата е во тек.

Идејата е за поздравување затоа што со еден потег се решаваат две важни работи. Прво се врши откуп на голема количина првокласно јаболко од сегашната реколта што само по себе нема да биде товар кој ќе ја турка надолу цената на најпознатото македонско овошје. Добро и е заради тоа што ресенските јаболкари за кратко време ќе дојдат до ликвидни средства и нема да имаат трошок за струја за складирање на јаболката во ладилници. И втора работа, која е многу важна од општествен аспект, на децата им се дава овошје кое е квалитетна и диетална исхрана. Овој потег ја гради и унапредува свеста за квалитетна исхрана на младата популација затоа што јаболката им се дава директно дома преку училиштето.

Единствена работа за која има простор да се бара посоодветно решение е дали јаболката треба да се чуваат во училиште и да им се делат на децата во тек на работната недела за паузите или да им се дадат да ги носат дома. 

Договорот за откуп на јаболка е достапен на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/6b7bfd61-5ce2-49bf-8d5f-c01daa1822a7


Можеби ќе ве интересира

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа

ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје