Живко Митревски се враќа на чело на Синдикатот
Објавено во: Економија 23 Август, 2020
Живко Митревски, поранешниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија повторно се враќа на таа функција.Тој во 2017 година беше заменет и на чело на Синдикатот дојде актуелниот претседател Дарко Димовски.
Митревски денеска на прес-конференција објави дека Вишиот управен суд донесе пресуда со која се уважи неговата тужба и се поништи решението на Комисијата за жалби на Република Македонија од септември 2017 година.
„Се покажа дека правдата во Република Македонија функционира“, рече Митревски.
Тој очекува следната недела Централниот регистар да ја спроведе одлуката на судот.