05 Мај, 2024
0.0223

Знаете ли дека во нашето тело има точка на среќата?

Објавено во: Стил 25 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Ја барате "точката на среќата" ? Ние ја ви ја откриваме и споделуваме работи поврзани со неа. Точката на среќата е во нас. Тоа е градната (тимусна) жлезда, која се наоѓа во центарот на градите. Источната медицина ја нарекува "точка на среќата", и со право! Оваа жлезда помага за неутрализирање на негативната енергија, зајакнување на имунолошкиот систем, го одржува здравјето. Допирајте, галете ја и масирајте оваа точка, и не по многу долго време ќе откриете колку ефикасна е таа. Таа помага да се зголемат енергетските вибрации на повисоко ниво. Тимусната жлезда ја одржува енергијата на нашето тело. Затоа, кога нашиот енергетски систем е надвор од рамнотежа, таа може да ни помогне, бидејќи оваа жлезда е мост меѓу мозокот и телото. За време на стрес градната жлезда се намалува, што доведува до намалување на виталноста. Како да се стимулира тимусот? Ова може да се случи со тупаница, како Тарзан од филмот, но не е потребно ниту да викате толку силно, ниту да се искачувате по дрвјата, ниту да биете силно со тупаници во градите. Можете да и чукнете или да ја помилувате со прсти. Направете го ова за околу 20 секунди и вдишувајте длабоко во исто време. Можете да си повторувате на ум во исто време: "Сè е добро во мојот свет", или "Јас сум млад, здрав, убав" или што и да е друго позитивно тврдење. Како ќе дознаете дека жлездата се интензивирала? Ќе почувствувате наплив на нова, чиста енергија. При правилно активирање на точката на среќата ќе почувствувате во телото нежно "пецкање". Може да потрае некое време додека не се појави тоа чувство. Не очекувајте резултати веднаш. Бидете доследни и трпеливи. Направете ја оваа вежба секој ден. По некое  време дефинитивно ќе го почувствувате ефектот, и ќе бидете пријатно изненадени. Ако имате чести напади на анксиозност, паника и стрес - правете го неколку пати на ден ова едноставно стимулирање на тимусот. Сами нема да дознаете како ќе успеете да го вратите балансот во животот.