06 Мај, 2024
0.0241

Знаци дека сте лош работник…

Објавено во: Стил 13 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Добриот работник верува во она што го работи и се стреми кон подобри резултати.

Ако не сакате да бидете прогласени за лош работник, ослободете се од следните особини:

- не внимавате на точност

Доаѓате на работа кога ќе ви текне и често доцните. Заборавате на зададени рокови и често влетувате на состанок.

- секогаш имате изговори

Не можете постојано да барате изговори затоа што сте неспособни да си ја завршите работата. Работникот некогаш треба да признае дека е виновен за својот неуспех.

- давате минимум од себе

Работите колку да не добиете отказ. Имате лоша работна етика и сте огорчени штом ќе добиете работна задача.

- сакате да озборувате

Озборувањето ви ја уништува репутацијата.

- помалку сте продуктивни од колегите

Не се сите многу талентирани, но вие не се трудите доволно.

- не се сложувате со никого

На работа сите се злобни според вас, но можеби проблемот е во вас.