05 Мај, 2024
0.0272

Зошто баш Италија настрада од коронавирусот? Одговорот, можеби е, наједноставен

Објавено во: Свет 12 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Италија најмногу страда поради коронавирусот, глобалната пандемија, која го исплаши цел свет. Зошто токму Италија? Еве што велат експертите.

Целиот свет сочувствува со Италија, која е најпогодена од ефектите на вирусот корона, глобална пандемија што му се заканува на целиот свет. Од овој вирус досега починале над 800 луѓе, а повеќе од 12.000 се заразени. За само еден ден, вирусот однесе скоро 200 животи токму таму!

Цела Италија е „заклучена“, целата „џизма“ е голем карантин, а улиците на италијанските градови, кои обично се преполни со туристи и локални жители како Рим, Венеција, Милано, Фиренца ... се духовно пусти .

Многумина се прашуваат - зошто Италија?

Кога епидемијата, или сега пандемијата на вирусот корона, започна да се шири надвор од границите на Кина, многу земји почнаа да преземаат дејства. Откако беа откриени првите три случаи, вклучувајќи двајца кинески туристи кон крајот на јануари, сите беа затворени во изолација во болницата во Рим. Идентификувани беа и контактите на тие „ескадрони“, а Италија беше една од првите земји во светот што ги прекина воздушните врски со Кина.

Сето тоа оставаше впечаток дека Италија е подготвена да се справи со овој „монструм“ ...


Лондонски „Гардијан“ потсетува на зборовите на италијанскиот премиер Џузепе Конте на 31 јануари: „Системот за превенција воведен од Италија е најригорозен во Европа“.

Сепак, за сето ова време, невидливиот непријател се вмрежуваше низ градови, села ... Наскоро се покажа дека болниците во северниот и во централниот дел не се усогласени, дека не постојат јасни процедури во случајот кога луѓе се јавувале со необјаснета треска и респираторни проблеми. Работите се влошија уште кога се покажа дека луѓето што немаат никаква врска со Кина, се пожалиле на проблеми.

Еден човек од Кодоња (38) се разболел на 18 февруари и тој немал никаква врска со Кина. Отишол кај неговиот лекар и неколку пати одел во локална болница, но никој не ги поврзал неговите симптоми со коронавирус. Сега е познато дека човекот бил „Првиот пациент“ како што го нарекоа италијанските медиуми. Кога конечно бил примен во болницата и тестиран, поминале веќе 36 часа кои ги поминал надвор од изолација. Дотогаш, тој заразил голем број медицински персонал и други луѓе.

Кога веќе станало јасно дека работата излегува од контрола, италијанските власти најпрво ги затворија регионите на северот од земјата (Ломбардија, Венето...), постепено и други, за да конечната одлука на Владата во Рим биде „Затворај ја целата земја“. Италијанските лекари упатиле драматични апели, опишувајќи ја секојдневната работа во болниците и борбата заразените пациенти да ги спасат како од „воено поле“.

Кои фактори влијаеа на тоа Италија да „падне“ ?

Шефот на одделението за заразни болести во миланската болница „Сако“, професорот Масимо Гали смета дека староста на населението е една од можните причини таа земја да ја направи толку ранлива.

-Во Италија имаме голем број луѓе кои се веќе во третиот животен период, кои имаат уште некоја болест. Мислам дека тоа го објаснува фактот што овде имаме толку сериозни случаи на коронавирус“, вели тој.

Но многу нешта и понатаму остануваат нејасни...

Поединци тврдат дека италијанскиот здравствен систем , сепак, не бил подготвен да ваков удар од непознат вирус, кој се „измешал“ со бранот на обичниот, сезонски грип. Во Ломбардија, во која има најмногу заболени, има само 800 респиратори, кои им се неопходни за функционирање на тешко заболените.

-Италијанците очигледно не биле подготвени за огромниот прилив на болни. Меѓутоа, како и секаде на светот, и во Италија починатите ја сочинуваат популација постара од 80 години - изјавил неодамна еден од српските епидемолози др Бранимир Нестеровиќ, додавајќи и дека „нешто укажува на тоа дека италијанските гени се посебно слаби на оваа зараза“.

-Треба да се присетиме дека пред сто години токму Италијанци и од „Шпанска грозница“ дури седумпати повеќе умирале од останатите-додал тој.

Професор од Школата за тропски болести и хигиена во Лондон Адам Кухарски вели дека иницијалниот развој на болеста и ширење на вирусот во Италија покажал способност на коронавирусот да предизвика сериозна епидемија во многу краток временски рок.

-Пораката која мораме да ја сфатиме е ова - ако имате неидентификувано ширење на болеста која не е ниту малку сфатена сериозно, многу брзо ќе бидете соочени со бројки кои ќе станат приличен товар за вашето здравство. Во идеален случај епидемијата треба да се открие што е можно порано-вели тој.

Иако ставањето на цели региони „под катанец“ од прва е фалено како добар потег, многумина тоа сметаат и дека не било можеби добар пат.

-Грешките се направени, веројатно, уште кон крајот на јануари. Италија не требало да ги запре летовите во и надвор од Кина - тие линии можеле да пружат увид во податоци кои доаѓаат од жариштето на заразата со коронавирус , што здравствените контроли би ги направило многу полесни-напишал италијанскиот новинар Бепе Севернини во колумна за „Њујорк тајмс“ на 2 март.

Меѓутоа, има и други мислења. Поединци сметаат дека италијанскиот менталитет „ќе биде лесно“ и "carpe diem" (зграпчи го денот) влијаело на сегашната катастрофална ситуација (звучи познато, зарем не?).


Научник од Универзитетот во швајцарски Берн, Кристијан Алтхаус, кој се занимава со проучување на заразни болести, вели дека италијанскиот проблем има наједноставно објаснување - Италија, просто, немала среќа.

-Некој може да тврди дека Италија доцна реагирала, но се ова можело да се случи било каде на друго место. Оној момент кога Италијанците сфатиле што се случува, почнале да ги сфаќаат работите сериозно. Првиот карантин било правилна одлука, но и проширувањето на црвената зона на целата земја исто така. Сфатиле дека мора да ја запрат епидемијата-вели тој.

Научникот Елизабета Гропели од лондонскиот Универзитет Свети Џорџ вели дека уште сме далеку од утврдување на точната вистина за Италија.

-Се додека не стигнат дополнителни анализи кои ќе фрлат нова светлина врз ситуацијата, тешко е да се даде одговор на прашањето зошто Италија е толку тешко погодена од коронавирусот-вели таа и потсетува на тоа дека северот на таа земја е економски центар на земјата, но и воедно популарен туристички дел и дека многу луѓе патуваат и доаѓаат од тој регион.

*КОНТЕ СО УШТЕ ПОРИГОРОЗНИ МЕРКИ: Италија затвора се, освен маркети и аптеки!


КАКО ДА ГО ИЗБЕГНЕТЕ КОРОНАВИРУСОТ: Правила и совети од италијански лекар


АЛЕКСАНДРА ЗА ФАКТОР од жариштето на коронавирусот во Ломбардија: Излегувам од дома само по потреба



Можеби ќе ве интересира

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра