27 Април, 2024
0.0244

Зошто богаташите ги избираат Бахамите за патување?

Објавено во: Стил 22 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Неверојатно убави плажи и вкупно над 700 острови. Тоа се Бахамите - едно од рајските места на планетата Земја. Тие се омилена дестинација на најбогатите луѓе во светот. Или барем тоа го покажа неодамнешна студија меѓу 1664 лица со годишен приход од најмалку 200 000 долари. Овој дел од светот е најпосакуван од личности како Џони Деп, Николас Кејџ, Шакира, Роџер Вотерс и Еди Марфи. Причината местото да е толку атрактивно се бегство од светот, приватните чамци, удобните летови, рајската атмосфера.

Тука се наоѓаат едни од најчистите и убави острови во светот.

bahamas1

Дел од нив имаат розов песок, обоен од корални остатоци. Тоа е и една од причините поради која модели, личности и секакви богаташи се сликаат, токму на Бахамите.

bahamas2

Под вода Бахамите имаат одлични услови за нуркање.

bahamas3

Во случај да немате приватен авион, секогаш може да си изнајмите. Компанијата „Odyssey Aviation“ нуди изнајмување на авиони и хеликоптери па дури и авион „Boeing 747“.

bahamas4

Под наем се нудат и чамци и јахти со различни големини .

bahami5

Бахамите се познати и по извонредната храна. Локалниот специјалитет е составен од риба, свеж зеленчук, цитруси и лути пиперки.

bahami6

Тука се наоѓа и најсекси ресторанот во светот избран од Обсервер. Неговото име е „Nobu“, се наоѓа на островот Рај и во него се нудат суши, морска храна и локални деликатеси.

bahami7

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти