02 Мај, 2024
0.0241

Зошто читањето нe успива?

Објавено во: Стил 10 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

За време на читање, многу луѓе почнуваат да чувствуваат поспаност, особено ако имаат навика да читаат пред спиење. Некои успеваат да прочитаат само неколку страници, пред да заспијат, но има и такви на кои читањето не им дејствува приспивно, без разлика во кое време на денот се случува тоа.

Овој процес често не пренесува во други светови и може да биде речиси смирувачки. За него е карактеристично ритмичко движење на очите, опуштеното тело и фокусирано внимание. Кога падне во оваа состојба, телото станува пасивно, будноста се намалува. Исклучок прават случаите кога читањето има потреба од употреба на умот. Таков пример е комбинирањето со решавање на математичка задача, размислување и др.

Причините за појавата на поспаност за време на читање може да се различни. Од големо значење е дали активноста на читателот е поголема во текот на денот или ноќта. Некои се чувствуваат попродуктивни и преферираат да читаат во темниот дел од деноноќието, а други - во светлина.