02 Мај, 2024
0.0317

Зошто Џевахир Скај Сити е совршен избор на станбена локација

Објавено во: Стил 10 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Резиденцијалниот и деловен комплекс, Џевахир Скај Сити ќе нуди се што ви треба за поедноставен живот околу вас, продавници, ресторани, училишта и градинки.

 Главна преокупација при купувањето на нов стан е соседството и содржините. Со проширувањето на македонските градови, почесто од когабило се среќаваме со ситуации каде новото соседство, каде сме заинтересирани да купиме стан, е далеку од било какви капитални објекти: училишта и градинки за децата, спортски сали, супермаркети и други места за купување, банки итн. Таквото окружување може многу негативно да се одрази понатаму откако животот ќе се развие.Ќе се одрази врз времето потрошено за пешачење и парите за превоз да се стигне некаде, наместо за други обврски или моменти поминати со семејството.

1253f1d2-2a22-4622-b950-c77be3d7ce51

 Семејствата и родителите, се повеќе се засегнати и загрижени за растојанието на училиштата од нивните домови и бараат лесна достапност до најблиските училишта и градинки. Проблемот е исто така комплициран и за постарите лица, како и со лицата со хендикеп, кои не се во можност секојдневно да ги поминуваат овие растојанија, само за да го извршат дневното купување или за да ги платат своите сметки.

Соочувајќи се со овие проблеми сега повеќе од било кога, граѓаните се почесто купуваат домови во близина на капитални објекти, каде може да најдат се што им е потребно: продавници, маркети, банки, ресторани, кафе барови.

 Светлата страна на оваа ситуација е комплексот Џевахир Скај Сити, кој во моментов е во изградба и се очекува да ги има своите први станари во септември 2016 година. Комплексот има многу поволна положба во поглед на достапноста (лоциранво Општина Аеродром, која е на околу 10 минути возење до строгиот центар на градот), опколена со големи булевари и без поголеми застои во сообраќајот. Новото основно училиште и градинка во Ново Лисиче се одвоени од облакодерите со само една улица и се на 5 минути пешачење, така што родителите не мора да бидат загрижени за локацијата на најблиските образовни центри. Дополнително, повеќето од банките, како и поштата, имаат свои филијали на само 10 минути пешачење од комплексот.

 932316fd-5082-4dfa-acb8-4005075dac41Кога станува збор за социјални активности, комплексот Скај Сити нуди трговски центар, кој ќе има неколку супермаркети и голем број продавници, кои ќе ги задоволат потребите и барањата на станарите во комплексот, но и на вкупната популација во градот и државата. Трговскиот центар, исто така ќе содржи и неколку ресторани и кафе барови, кои ќе понудат одмор и релаксација по напорниот работен ден. За постарите станари, покрај близината на продавниците и маркетите, ќе биде овозможена и достава на производи, со што нивните дневни обврски ќе бидат олеснети во голема мера.

 Има многу повеќе бенефити кои ги нуди комплексот Скај Сити, кои го прават животот полесен, а извршувањето на дневните задачи многу поефикасно. Доколку сакате да дознаете повеќе, посетете веб страница: cevahirskycity.com.mk, Фејсбук страницата Cevahir Sky City, или пак посетете го изложбениот центар, секој ден од 10 до 17 часот.