22 Ноември, 2017
0.9629
    ALK 7231.17    -1.62%     BESK 10300    0%     GRNT 808.46    0.93%     KJUBI 1400    0%     KMB 2697.06    -0.11%     MPT 26306.88    -2.2%     OKTA 2530    -8.1%     RMDEN14 92.2    -2.95%     RZLV 45    0%     RZTK 450    1.81%     RZUS 106    -3.64%     SBT 1987    -9.86%     TNB 13500    0%     TPLF 1605.19    -0.11%     TTK 803.72    -1.5%     ZPKO 2601    0.04%

Зошто „Диво насеље“ нема крај и по судската разрешница?

Објавено во: Анализа 06 Ноември, 2017

Случајот „Диво насеље“ доби судска разрешница, но високите пресуди за лежење во затвор и доживотните казни за дел од обвинетите не ги дадоа сите одговори, особено не тие за самата цел на групата која од Косово влезе во Македонија и со помош на неколку локални жители влезе во жестока битка со македонската полиција која траеше два дена. 

8 казни доживотен затвор, над 700 години затвор за обвинетите членови на групата за тероризам и 4 ослободителни пресуди. Ваквиот судски епилог предизвика револт кај дел од албанското население, па така семејствата и блиските на осудените одржаа протести за нивна поддршка тврдејќи дека и понатаму продолжу прогонот против Албанците. 

Случајот „Диво насеље“ и натаму е проблематичен за меѓуетничките односи бидејќи создава услови за тензии, а не даде никакви конкретни одговори. Која е вистинската цел на групата која влезе во кумановската населба, зошто украде оружје од касарната во Гошинци, дали имала директен контант со македонски политичари, какви беа релациите со неколку агенти на тајните служби, дали македонските безбедносни служби ја завршија својата задача квалитетно или потфрлија. Битката за Диво насење заврши со дваесетина жртви, меѓу кои 8 припадници на специјалните сили на македонската полиција со уште пеесетина ранети. 

Финалната пресуда нема да биде причина за елиминирање на неизвесноста и сомнежот, бидејќи и натаму има разни теории кои го поткопуваат како правниот систем, така имаат и политички последици врз македонското општество бидејќи постои ризик за раст на недовербата. Факт е дека некој мора да одговра за нападот и жртвите како и цела нанесена штета, но исто така треба да се земат во предвид сите докази, како и да се појават сите потенцијални сведоци кои ги бараше одбраната, а меѓу нив има и високи политичари. 

По иницијатива на ДУИ ќе се формира и анкетна комисија во Собранието која ќе работи на расветлување на мотивите на кумановската група, а исто така ќе се бара и меѓународна помош во дополнителна истрага. Доколку ова се спроведе на реален начин и се дојде до резултати секако е добредојден чекор бидејќи сите ја сакаат целосната вистина, но истиот чекор не смее да биде само политички трик на ДУИ, СДСМ и останатите партнери за привремено ублажување на незадоволството кај дел од граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Заев ги игра сите соседи, дали крешендото е решавање на спорот со Грција?

Заев ги игра сите соседи, дали крешендото е решавање на спорот со Грција?

Ќе влезе ли Јовевски во пакет со новите министри во Собрание?

Ќе влезе ли Јовевски во пакет со новите министри во Собрание?

Супер што Владата обезбеди инкубатори, но зошто киксна со самофалбите?

Супер што Владата обезбеди инкубатори, но зошто киксна со самофалбите?