26 Април, 2024
0.0323

Зошто добивката на „Комерцијална банка“ отиде во резервации?

Објавено во: Економија 01 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Банката на полугодие има идентична добивка како и во првиот квартал. Причина за тоа се зголемените резервации на пласмани, а менаџментот ова транспарентно го најави уште и во првиот квартален извештај. Банката ја зголеми продажбата на имот и средства кои ги имала како обезбедување со цел да ги компензира зголемените трошоци за резервации

„Комерцијална банка“ во вториот квартал годинава резервирала речиси 10 милиони евра односно 606,6 милиони денари за спорни и сомнителни побарувања и ова е главната причина заради која оваа голема банка полугодието го заврши со добивка која е на исто ниво како добивката што ја книжеше за периодот јануари – март годинава, покажуваат официјалните податоци од билансите што компанијата ги објави деновиве.
За првите шест месеци нето добивката на компанијата е на ниво од 39,2 милиони денари односно околу 635.000 евра и таа во споредба со ланското полугодие е пониска за 162 милиони денари односно 2,6 милиони евра. Овој факт макар и краткорочно сигурно дека ќе има значајно влијание врз расположението на инвеститорите во однос на акцијата на „Комерцијална банка“.

Во образложението на менаџментот на „Комерцијална банка“ наведено е дека нивото на резервациите е зголемено заради цитираме: Влијание врз намалениот финансиски резултат во извештајниот период има значителното зголемување на исправката на вредност на корпоративните кредити поради влошувањето на квалитетот на портфолиото што беше очекувано.

Факт е дека менаџментот на таа банка и во претходниот квартален извештај најави дека очекува раст на нивото на резервациите и тоа е за поздравување затоа што беше најавено иако не е добра вест (макар било лоша вест само на краток период).

Нето приходите од камати намалени, банката компензира со продажба на запленет имот

Од билансите е видливо дека банката во првите шест мeсеци има нето приходи од камати во износ од 1,468 милијарди денари и тие се за 101 милиони денари пониски од истите во првото полугодие во 2016 година односно бележат намалување за 6,4 отсто (како што е наведено во образложението на менаџментот). Споредбата на нето приходи по квартали покажува дека нема осцилации туку нивоата на нето приходи од камати по квартали се речиси идентични.

Значајно да се истакне е тоа што во првата половина годинава менаџментот на банката се ангажира растот на резервации макар и делумно да го компензира со значаен раст на останати приходи од дејноста односно од продажба на имот и средства кои банката ги имала за обезбедување од ненаплатени кредити. Тие средства на 30 јуни годинава изнесуваат 354,3 милиони денари и се за 147 милиони денари поголеми од истиот период лани. Уште позначаен е растот во вториот квартал во однос на периодот јануари – март. Од април до крај на јуни банката продала имоти и средства во износ од 252 милиони денари, а во првото тромесечје продажбата изнесувала 102 милиони денари.

Резервациите на крајот на јуни се 1,4 милијарди денари и во однос на истиот период лани пораснале за 319 милиони денари. Во однос пак на првиот квартал годинава кога изнесувале 606,6 милиони денари по периодот април – јуни резервациите пораснале за речиси 800 милиони денари.

Намалено кредитирање, намалена депозитната база

Банката во првото полугодие бележи намалување на кредитирањето кон банки и кон други коминтенти. Изложеноста кон банките е 9,2 милијарди денари и бележи пад од 880 милиони денари. Кредитирањето кон сите други коминтенти е 44,49 милијарди денари и тоа е пониско за 774 милиони денари од истиот период лани. На крајот на вториот квартал нивото на депозити на други коминтенти е 86 милијарди денари и бележи намалување од 1,1 милијарда денари.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката