Зошто е добро да имаме флексибилно работно време?
Објавено во: Финансии 05 Декември, 2016
Флексибилното работно време е во корист и на работникот и на работодавецот.
Од почетокот на новиот милениум се повеќе работодавци го практикуваат ваквото работно време.
Во некои фирми се дозволува секој ден да работите по еден час повеќе за да петок ви биде слободен ден.
Преминот од фиксно до флексибилно работно време е одраз на модерното време и потребите на луѓето.
Во голема мера работењето е префрлено онлајн.
Денес многу работи можат да се завршат од дома, а воедно да бидете достапни 24 часа.
Глобализацијата ги поврза луѓето од сите континенти и часовни зони, а фриленсерите можат да работат кога сакаат и колку сакаат.
Работа со вакво работно време значи и помалку трошоци за превоз и храна.
Ќе можете да одморите кога сакате и ќе бидете попродуктивни.
Со флексибилно работно време помалку ќе изостанувате од работа.