27 Април, 2024
0.0262

Зошто ЕУ става акцент на алтернативните видови на горива

Објавено во: Мои пари 11 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Според Европската комисија, алтернативните видови горива се горива, или извори на енергија кои можат да послужат, барем како делумна замена на фосилните горива кои се користат за транспорт.  Тие имаат потенцијал да придонесат за декарбонизација и забрзување на прилагодувањето кон исполнување на стандардите за заштита на животната средина во транспортниот сектор.

Европскиот транспорт е високо зависен од фосилни горива кои во најголем дела се увезуваат, што гледано од тој аспект го прави овој сектор многу зависен иистовремено го отежнува балансот во трговската размена. Една од главните цели на ЕУ е диверзификација на транспортот во однос на изворите на енергија.

 ЕК „Транспорт 2050“ има за цел да ја намали нафтената зависност на секторот транспорт во ЕУи истовремено има за цел намалување на емисијата на стакленички гасови за 60 проценти до 2050 година. За остварување на овие цели ЕК поставува разни мерки и цели во повеќе различни сектори на транспортот, вклучително слободни градски зони од CО2 во поголемите градови до 2030 година, намалување за половина на употребата на конвенционални автомобили во урбаниот транспорт до 2030 година и постепено нивно исфрлување или намалување од градовите до 2050 година. Овие цели не може да бидат постигнати со конвенционалните горива и затоа е потребно да се зголеми користењето на алтернативните горива.

Алтернативните горива, според извештајот на ЕК, можат значително да помогнат во справувањето со проблемот на аерозагадувањето во градовите, кое во голем процент е предизвикано од транспортот. Енергетски ефикасен и ефективен транспорт може значително да помогне во намалување на емисијата на стакленички гасови од возилата. Сепак, важно е да се напомене дека ЕК не гледа на алтернативните горива како замена за фосилните горива, туку само како еден сегмент за побрза декарбонизација и намалување на емисијата на CO2 од транспортот. 


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг