29 Април, 2024
0.1372

ЗОШТО И ЗА КОЛКУ СЕ СТОПИЈА БАНКАРСКИТЕ ПРОФИТИ - нема шампањско за успешна деловна година

Објавено во: Финансии 06 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Иако можат да бидат и повеќе од среќни и задоволни од профитите што лани ги остварија, македонските банкари, генерално, сепак немаат причини да отворат шампањско за да прослават одлична деловна година.

Причина за тоа е што вкупните добивки во банкарскиот сектор во земјава прокнижени за минатата година се за 27 милиони евра пониски од оние во 2018-та.

Или, вкупно 15 македонски банки, како што говорат податоците на Народната банка, 2019 година ја завршиле со вкупен профит од 108,7 милиони евра, за разлика од годината претходно, кога на нивните конта на име добивка се слеаја дури 135,8 милиони евра.

Потфрлање во финансискиот резултат има кај сите категории банки според големината, иако најсилното влошување е забележано кај средните банки.

Имено, петте големи банки повторно се „добитници“ на лавовскиот дел од профитот. Тие заработиле дури 113,3 милиони евра, што е сепак помалку од 2018, кога профитот им беше 128,1 милиони евра.

Најлош резултат како група имаат седумте средни банки, кои за минатата година имаат вкупна загуба од 6,8 милиони евра, за разлика од 2018, кога имале вкупна добивка од пет милиони евра.

Трите мали, банки, пак, лани имаат вкупна добивка од 2,2 милиони евра, што е за 500 илјади евра помалку од 2018 година.

Најголемиот дел од добивките банките и натаму ги „билдаат“ од каматите, или прецизно, од разликите меѓу каматите што ги наплатуваат од граѓаните и фирмите кога ги кредитираат, и оние што им ги даваат за парите што тие ги чуваат таму. Или конкретно, од нето приходи од камати банките лани инкасирале 244 милиони евра, нешто помалку од 2018, кога од нето приходи од камати се слеале 250 милиони евра.

Ако се гледа од кого во минатата година најмногу зеле пари од каматити, на прво место се граѓаните, кои на банките за камати им дале 163 милиони евра, а потоа следуваат фирмите, со платени лани за камати 110 милиони евра.

Банките одлично заработуваат и од провизии и надоместоци, од каде лани добиле близу 83 милиони евра, што е раст во однос на 2018.

Благ пораст минатата година имале и кај приходите од курсни разлики, од каде заработиле 15 милиони евра.

А најголем пад на приходната страна на банките може да се забележи кај ставката останати приходи од дејноста, кои лани биле на износ од 35 милиони евра, наспроти дури 58 милиони евра во годината претходно. Во останати приходи од дејноста влегуваат приходи врз основа на дивиденди и капитални вложувања, добивки од продажба на финансиските средства, капитални добивки, наплатени претходно отпишани побарувања и слично. Во овој дел е всушност најзначајното намалување на приходите, за дури 23 милиони евра.

На страната на расходите, пак, факт е дека во 2019 година биле многу повисоки исправките на вредноста и посебните резерви за потенцијални кредитни загуби, кои се искачиле на над 68 милиони евра, наспроти 2018, кога овие расходи биле пониски за 10 милион евра.

Во 2019 малку пораснале и трошоците за вработените, достигнувајќи над 84 милиони евра, како и останатите расходи од дејноста, кои лани биле на ниво од 88 милиони евра.

Инаку, ако се погледнат резултатите на најголемата банкарска тројка, факт е дека кај две од нив беше регистрирано намалување на профитите, а добивката порасна во една банка. 

Стопанска банка Скопје лани забележа пад на добивката. И покрај тоа што останува банка со најголем профит, оваа банка лани имала резултат што е послаб за 6,1 милиони евра од профитот што го направи во претходната година, така што лани тој изнесуваше 38,55 милиони евра. Но, и покрај тоа, Стопанска банка Скопје останува најпрофитабилната банка во големата тројка.

НЛБ Банка, пак, минатата година ја заврши со профит од 30,1 милиони евра, што е намалување во однос на добивката од 34,5 милиони евра остварена во 2018 година.

А Комерцијална банка ја има својата најуспешна деловна година позади себе, бидејќи нејзиниот профит лани бил највисок во нејзината историја, и изнесува 29,4 милиони евра, што е за 450.000 евра подобар резултат од претходната 2018 година. 

За овој добар резултат, тројцата членови на Управниот одбор на банката се исплатени со 876.400 евра, и тоа за плати, плати од деловна успешност, новогодишен надоместок и менаџерско осигурување, а во сумата се вклучени и стручното усовршување и систематските прегледи. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците