26 Април, 2024
0.0280

Зошто кумановските менувачници му откажаа љубов на српскиот динар?

Објавено во: Економија 13 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Српскиот динар беше валута  која порано можеше да се најде скоро во секоја менувачница во Куманово, поради потребите на граѓаните и близината со Србија,  иако динарот не беше на курсната листа.

Денес  e обратно.  Динари многу ретко  може да се најдат во градот, а од менувачниците раскажуваат дека проблем е што  српските динари не се на курсната листа на Народна банка и динарот варира,  а со тоа неговата  продажба не би била исплатлива. 

„Веќе некое време немам динари, затоа што динарот нема стабилен курс.  Не работам со оваа валута.  Граѓаните ги бараат за да одат на шопинг во соседна Србија. Кога ќе видат дека ги нема, земаат евра и таму ќе ги заменат за динари. Плус ако им останат динари непотрошени, овде нема каде да ги сменат.  Имаме левови, и нив ги бараат луѓето исто за патување, зимување  и шопинг во Бугарија. Левот е постабилен, се движи околу 31 денар“ – велат во кумановска менувачница.

Во друга менувачница раскажуваат дека на клиентите можат да им сменат  100, 200, 500 динари, но со поголема сума не располагаат.

„Со динари во поголема количина не располагаме веќе две или три години.  Имаме сосема мали суми и тоа е повеќе за лични потреби. Ако дојде некој за сума до 500 динари ќе му смениме, меѓутоа ако се работи за бизнис и за повеќе пари, не можеме да им излеземе во пресрет.  Во однос  на порано, сега динарот е постабилен, а порано курсот се менуваше скоро секоја недела“ – додаваат од друга менувачница.

Александра Тасиќ од Куманово вели дека најмалку 7-8 пати годишно оди  во соседна Србија и смета дека српските динари треба да бидат подостапни за граѓаните.

„Многу ретко се наоѓаат динари во нашите менувачници.  Она што сите го практикуваат е да купуваат евра и потоа ги менуваат во Србија. Кога ќе ни останат динари при враќање од Србија истите се менуваат во некои менувачници, ама курсот е навистина помал.  Станува збор за соседна држава,  а ние сме најблискиот град  до границата и мислам дека треба да има динари во сите менувачници и да се менуваат по некоја нормална цена“ – објаснува Тасиќ.

Минатата недела динарот во однос на еврото ослабна за 0.1% и средниот курс изнесува 123,9300динари за евро, објави Народната банка на Србија.

Фреквенцијата на патници на релација Куманово  - Врање е голема не само за празници, туку и за викенди кога кумановци ги посетуваат тамошните ресторани. Во помал обем доаѓаат и жители на Врање во Куманово, каде претежно купуваат облека и обувки. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти