(ВИДЕО) Зошто Меркел го затвора својот Фејсбук профил?
Објавено во: Свет 01 Февруари, 2019
Не сака повеќе комуникација на Фејсбук, и затоа германската канцеларка Ангела Меркел го деактивира својот Фејсбук профил, пренесува „Курир.рс“.
„Познато ви е дека повеќе не ја водам Христијанско – демократската унија и затоа го деактивирам мојот профил на Фејсбук“ – појасни Меркел.
Таа нагласи дека луѓето ќе може да ја следат и да коментираат за нејзината работа на социјалната мрежа на страницата на федералната влада.
„Или може да ме следете на Инстаграм“ – рече Меркел.
Таа на луѓето им се заблагодари за поддршката.